Ватфорд на својата официјална веб-страница го објави раскинувањето на договорот со дефанзивецот Јунес Кабул .
„Сите во Ватфорд му посакуваат на Јунес се најдобро во иднина и му се заблагодаруваат за посветеноста кон клубот и навивачите“, стои во соопштението.
32-годишниот француски фудбалер и англискиот клуб го прекинаа договорот со заедничка согласност. Кабул, поради постојани повреди, не успева да се избори за место во тимот подолго време.