Мегаѕвездата на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, останува во професионалниот фудбал, откако потпиша нов договор со ЛА Галакси и ќе продолжи да игра во американската МЛС лига.
Швеѓанецот не успеа да се договори за финансиските параметри околу преминувањето во Милан и одлучи да остане во САД, каде веќе стана икона и меѓу навивачите на овој дел од светот.
Еден од условите да продолжи во ЛА Галакси бил и раководството да се активира и да ги донесе потребните играчи, за тимот да се бори за освојување на титулата во лигата.
„Среќни сме што го задржаве Златан, што значи дека ќе биде со нас и во 2019-та. Тој ја покажа својата вредност во последната сезона. Со Ибрахимовиќ ќе се обидеме да го засилиме нашиот тим за следната сезона”, велат од ЛА Галакси.