Играчот од средниот ред на Наполи, Алан, може да ја продолжи кариерата во француското првенство и тоа како нов фудбалер на екипата на ПСЖ. Извори од клубот тврдат дека управата на францускиот шампион е заинтереирана за услугите на 27-годишниот Бразилец.
Алан би требал да биде замената за Адриен Рабио, кој ќе го напушти ПСЖ ова лето. „Светците“ нема да се штедат, па ќе се обидат со понудат до 50 милиони евра да добијат согласност од Наполи за трансфер на фудбалерот.