Манчестер Јунајтед утрово го именуваше поранешниот играч Оле Гунар Солскјаер како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на „Црвените ѓаволи“. Норвежанецот ќе го предводи тимот до завршувањето на тековната сезона.
Солскјаер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година. 45-годишниот играч го презема Јунајтед од 6. место на табелата во Премиер лигата и целта пред него е да успее да го однесе меѓу четирите најдобри на крајот на сезоната.