Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Лоран Блан е еден од првите што разговарал со шефовите на тимот за преземање на кормилото до крајот на сезоната, објавија англиските медиуми. Опцијата со Мајкл Карик очигледно не е на дневен ред, а според извршниот потпретседател Ед Вудворд на позицијата треба да застане човек кој познава клубот и неговата филозофија. Блан играше на „Олд Трафорд“ во периодот 2001-2003, а во моментов е без работа веќе две и пол години откако за последен пат го предводеше ПСЖ, но беше ослободен во текот на летото 2016-тата.
Author: saso
Жозе Мурињо доби отказ. Лошите резултати и последниот дебакл на гостувањето кај Ливерпул му пресудија на португалскиот стратег, кој денеска доби отказ на менаџерското место на „Олд Трафорд“. Веста беше потврдена на официјалниот „Твитер” профил на Манчестер Јунајтед. Клубот му се заблагодари за сиот придонес кој го имаше за екипата во изминатиот период и му посакуваат се најдобро во иднина. Како што и претходно објавивме, заминувањето на Мурињо, Манчестер Ј. ќе го чини многу пари. Најверојатно Португалецот ќе доби најмалку 24 милиони фунти за преостанатиот дел од договорот, плус отштета. Засега не се споменуваат имиња за негов наследник.
Доколку Манчестер Јунајтед реши да го отпушти Жозе Мурињо тоа ќе го чини најмалку 24 милиони фунти, тврдат англиските весници. „Специјалниот“ потпиша нов договор со тимот пред помалку од една година, но претставувањето на тимот оваа сезона е целосна катастрофа и изгледа “црвените ѓаволи” во прилично рана фаза од сезоната може да се простат од идејата за пласман меѓу четирите најдобри. Притисокот врз Мурињо се зголеми дополнително по тешкиот пораз во големото дерби против Ливерпул во текот на викендот, во кое тимот изгледаше беспомошно.
Сагата околу фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио и неговиот нов договор веќе заврши. Францускиот репрезентативец категорично одби уште предлог за договор, по што цврсто е решен да замине од Париз по завршувањето на сезоната и тоа како слободен фудбалер. Спортски директор на парижани, Антеро Енрике, кој вели дека е лут на исходот од преговорите, потврди дека 23-годишниот фудбалер заминува од Париз ова лето. „Имавме повторно средба со играчот и тој беше категоричен дека не сака да потпише нов договор и сака да си замине како слободен агент во текот на летото”, објави Енрике пред медиумите во Франција. „За самиот Рабио…
Играчот за врска на екипата на Лион, Ндомбеле изјави дека не го интересираат понудите од клубовите како Манчестер Сити, Баерн, Манчестер Јунајтед и Тотенхем затоа што сака да продолжи да се развива во својот сегашен клуб Лион, барем до крајот на сезоната. Тој импресионира со настапот за францускиот прволигаш и се очекува да биде една од најпосакуваните трансфер мети за големите клубови уште овој јануари. 22-годишниот играч од средниот ред пристигна на “Жерлан” од Амиен пред само една година за 8 милиони евра, а сега Лион ќе може да го продаде за околу десетпати повеќе.
Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Челзи Андреас Кристенсен, тврдат шпанските медиуми. Каталонците имаат сериозни проблеми со повредените дефанзивци, па се во потрага по времено решение. Данскиот дефанзивец и онака не е прв избор на Сари, па можеби „сините“ нема да прават проблеми за евентуално негово заминување од Лондон.
Првиот човек на Ф1 тимот, Мекларен, Зак Браун, истакна дека на тимот ќе му биде тешко да најде место за шпанскиот пилот Фернандо Алонсо , ако тој, сепак, реши да се врати во Формула 1. „Имаме двајца пилоти. Тешко дека ќе може да најдеме место за него, ако сака да се врати“, вели Браун. „Ако Алонсо сака да спроведе тестови, тогаш, се разбира, ние сме отворени за таков предлог, би било важно да го знаеме неговото мислење за болидот. Ако сака да биде во овој сегмент со нас, ние би се согласиле за соработка“, дополни Браун.
По вчерашниот почеток на натпреварите на Турнирот на медиумите во мал фудбал, денеска и втор натпреварувачки ден. Не очекуваат нови интересни дуели и битка за пласман во завршните натпревари. Денеска не очекуваат и уште две ревијални средби. Сите дуели се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен.
Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас не е задоволен од својот статус на резерва откако екипата е под воство на Сантијаго Солари и веќе планира да го напушти тимот, пишува весникот „АС“. Посакуваната дестинација му е Премиер лигата. Неговите агенти работат на оваа задача веќе неколку недели, барајќи англиски тим со предлог кој ќе ги задоволи условите на костариканецот. Од клубот ветал дека го разбираат својот голман и се подготвени да му дозволат на играчот по крајот на сезоната, но не и во зима, да си замине од клубот. Причината за тоа е што доколку Тибо Куртоа заработи повреда нема…
Француската Лига 1 одложи пет натпревари од 17. коло на елитната француска фудбалска лига поради безбедносни причини. Минатиот викенд исто така половина од натпреварите од тековното коло не се одигра како превентива заради најавените протести. Демонстрациите предводени од „Жолтите елеци“ низ цела Франција ги сфаќа многу сериозно и никој не сака да ризикува. Одложени се натпреварите: Нант – Монтпелје, Генгамп – Рен, Дижон – ПСЖ и Олимпик (М) – Бордо. Натпреварот меѓу Каен и Тулуз е одложен за во вторник.
