Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Лоран Блан е еден од првите што разговарал со шефовите на тимот за преземање на кормилото до крајот на сезоната, објавија англиските медиуми.
Опцијата со Мајкл Карик очигледно не е на дневен ред, а според извршниот потпретседател Ед Вудворд на позицијата треба да застане човек кој познава клубот и неговата филозофија.
Блан играше на „Олд Трафорд“ во периодот 2001-2003, а во моментов е без работа веќе две и пол години откако за последен пат го предводеше ПСЖ, но беше ослободен во текот на летото 2016-тата.