Доколку Манчестер Јунајтед реши да го отпушти Жозе Мурињо тоа ќе го чини најмалку 24 милиони фунти, тврдат англиските весници.
„Специјалниот“ потпиша нов договор со тимот пред помалку од една година, но претставувањето на тимот оваа сезона е целосна катастрофа и изгледа “црвените ѓаволи” во прилично рана фаза од сезоната може да се простат од идејата за пласман меѓу четирите најдобри.
Притисокот врз Мурињо се зголеми дополнително по тешкиот пораз во големото дерби против Ливерпул во текот на викендот, во кое тимот изгледаше беспомошно.

