Ракометната федерација на Македонија во период од 17 до 21 Декември ќе организира меѓународен ракометен турнир за млади ракометари родени 2000 година и помлади. Меѓународниот турнир ќе се одржи во спортската сала Автокоманда каде своето учество го потврдија и селекциите на: Полска, Унгарија, Србија и Црна Гора. Младите надежи на Република Македонија ќе настапат со две селекции во категорија за родени 2000-та година и помлади, селектирани од селекторот Данило Брестовац. Распоредот на натпревари е следен: 18.12.2018 09:30 Mакедонија A – Mакедонија Б 11:00 Полска – Црна Гора 12:30 Унгарија – Србија 17:00 Mакедонија A – Црна Гора 18:30 Унгарија –…
Author: saso
Поранешниот прв рекет во женска конкуренција, Амели Морезмо, ја одби понудата да стане селектор на францускиот тениски Дејвис Куп тим. Француската тениска федерација објави дека имале разговори со Морезмо, но таа не ја прифатила нивната покана. Морезмо требаше да го замени Јаник Ноа, кој си замина од оваа позиција по последното издание на Дејвис Купот. Француската тенисерка потенцирала дека сега сака да се посвети само на индивидуалната работа со тенисерите со кои работи подолго време. Морезмо ја заврши својата кариера во 2009 година. По завршувањето на кариерата, таа го тренираше Енди Мареј.
Од денеска до несела на лизгалиштето на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи 7. традиционален турнир во хокеј „Скопје Ајс Фестивал“, чиј домаќин ќе биде Металург. На турнирот покрај домаќинот ќе учествуваат уште Торпедо Букурешт од Романија, Славија Софија од Бугарија и Спартак Суботица од Србија. Турнирот почнува вечерва од 18.30 часот со дуелот меѓу Металург и Торпедо, а од 20 часот ќе се пресметаат Славија Софија и Спартак Суботица. Инаку, минатогодишен освојувач на традиционалниот турнир е Рајман од Германија.
Новиот лидер во тимот на ЛА Лејкерс, ЛеБрон Џејмс би сакал да го види во тимот и искусниот Кармело Ентони. Ентони ја започна сегашната НБА сезона во Хјустон Рокетс, но два месеца подоцна клубот одлучи да се раздели со него. 34-годишниот кошаркар се уште е во Тексас, но веќе бара нов клуб. Шефовите Хјустон ќе се обидат да го разменат по 15 декември, кога ќе имаат такво право. Кармело одигра 10 натпревари од тековната сезона, со просек од 13,4 поени по натпревар. Леброн, пак, верува дека со доаѓањето на Ентони, Лејкерс ќе имаат адут плус за висок пласман оваа сезона.
Француската Лига 1 објави дека уште две натпревари од 17. Коло нема да с одиграат поради протестите кои ги органзираат т.н. „жолти елеци“. Полицијата не може да постигне да ги обезбедува натпреварите од фудбалското првенство, па планираните средби меѓу Анжер и Бордо, односно Ним и Нант исто така нема да се одиграат викендов. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена по ескалирањето на немирите на протестите кои се одржуваат во Франција во последниве денови. Полицијата претходно апелираше до раководството на лигата да ги одложи средбите, бидејќи не може да гарантира безбедност на натпреварите. Претходно, одложени беа и средбите ПСЖ -…
Листата на клубови кои се заинтересирани за купување на играчот од средниот ред на Реал, Иско продолжува да расте. Според некои весници, сега и екипата на Баерн (М) е подготвена да наддава за сопственоста на шпанскиот репрезентативец. Германскиот клуб моментално бара замена за тројца фудбалери одеднаш, Френк Рибери, Арјен Робен и Хамес Родригез, па Иско би бил одлична солуција за нивна замена. Претходно беше објавено дека Јувентус е заинтересиран за услугите на 26-годишниот играч, а исто така сериозен интерес има и кај челниците и менаџерот на Манчестер Сити.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е прогласен за најдобар играч во ноември во шпанската Ла Лига. 30-годишниот Французин доби специјална награда од весникот „Марка“, откако минатиот месец постигна еден гол и направи два асистенции во четири натпревари. Реал Мадрид во ноември славеше над Ваљадолид (2:0), Селта (4:2), Валенсија (2:0), а доживеа пораз од Еибар (0:3). Оваа сезона, Бензема одигра 21 натпревар за Реал Мадрид и досега постигна 10 гола и 5 асистенции.
Претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривие изјави дека францускиот клуб нема да го продолжи договорот со италијанскиот напаѓач Марио Балотели. Договорот на Супер Марио со Ница завршува оваа сезона. „Мислевме дека Марио ќе го напушти клубот минатото лето, па го пропушти подготвителниот период. Поради ова, тој не игра во првата половина на сезоната. Но, Марио не го загубил талентот. Не, мислам дека ќе го продолжиме договорот во јуни, тој ќе морфа да си побара нов клуб“, изјавил првиот човек на Ница. Балотели одигра само на 10 натпревари од првенството во Франција, во кои забележал една асистенција и дури пет жолти картони.
Младите фудбалски репрезентации на Македонија за играчи до 17 и до 19 години денеска ги добија противниците за следниот претквалификациски циклус за пласман на ЕП. Селекцијата до 17 години се најде во група со Белгија, Полска и Лихтенштајн на турнирот кој ќе се игра од 9. до 15. октомври следната година. Играчите до 19 години, пак, се најдоа во група со Англија, БиХ и Луксембург. Претквалификациската група ќе се игра во октомври следната година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.
Ждрепката за полуфиналната фаза од националниот фудбалски куп е закажана за утре од 13 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија. По вчерашните реванш четврфинални средби, пласман во полуфинлната фаза обезбедија екипите на Академија Пандев, Беласица, Победа и Македонија ЃП. Првите натпревари од полуфиналната фаза се закажани за во март следната година, а реваншите во април. Од сите четири екипи учеснички во полуфиналето, само прилепчани и „лавовите” имаат пласман во финале и освоен трофеј од ова натпреварување.
