Дефанзивецот на Челзи, Сезар Аспиликуета, потпиша нов долгорочен договор со лондонскиот клуб. Новиот договор на 29-годишниот шпански фудбалер со Челзи ќе биде активен до 2022 година. „Многу сум среќен што го продолжив престојот во Челзи. Откако дојдов во овој клуб, чувствувам радост и одговорност за тимот и навивачите. Секој пат кога ќе бидам на терен јадавам сета моја сила. Се надевам дека има уште многу победи пред нас“, изјавил францускиот бек. Аспиликуета е дел од „сините“ од 2012 година. Оваа сезона, шпанскиот дефанзивец одигра 14 натпревари на кои имаше и 2 асистенции.
Author: saso
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ја освои наградата “Тренер на годината” во Серија А за минатата сезона. Јувентус во исто време беше прогласен за најдобар тим на сезоната. Церемонијата на доделување на првенствените награди во Серија А се одржа во Милано, „Ова е прекрасна вечер, и сакам да им се заблагодарам на сите што работат со мене секој ден, особено играчите. Ова се одлични луѓе кои се во голем клуб. Имав среќа бидејќи имам можност да работам со толку многу одлични играчи, а денес во салата го гледам маестро Андреа Пирло. Работата со сите нив беше навистина голема чест за…
Ариен Робен, кој пред неколку дена го најави своето заминување од клубот на крајот од оваа сезона, не ја отфрла можноста за завршување на кариерата. „Се разбира, многу размислувам за мојата иднина. Минатата година беше исто кога го продолживме договорот за уште една година. Оваа година, исто така, разговаравме за ова прашање, и на крајот решив дека дојде време да заминам. Овие десет години беа прекрасен период. На лето ќе имам 35 години, а верувам дека мојата одлука ќе биде за мое и доброто на клубот. Што се однесува до завршувањето на кариера, ова прашање е отворено, сè може да…
Македонската кошаркарска репрезентација ја обезбеди и третата победа во циклусот квалификации за Евробаскетот 2021 година. Избраниците на Јорданчо Давитков славеа над Косово во салата „26 април“ во Гевгелија со убедливи 78-68 за потврда на пласманот на првото место. Иако во првите две четвртини одигравме добро, дозволивме во финишот Косово да ни се приближи и на пауза да заминеме со само 3 поени предност. Сепак, во вториот дел работите си дојдоа наместо, го поправивме шутот и успеавме да прокнижиме важна победа. Во нашата репрезентација Трајковски беше најефикасен со 23 поени, Витингтон постигна 15, додека Војдан Стојановски мечот го заврши со 14…
Македонските ракометарки ја остварија најважната победа на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман во вториот циклус од квалификациите за СП. Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ нашите ракометарки ја прегазија и селекцијата на Исланд со 29:21 (16:10). За да се обезбеди бараж, девојките предводени од Симе Симовски ќе мора да ја победат Турција и да го потврдат првото место на табелата. Турчинките вечерва играат со Азербејџан во меч од 2. Коло, а дуелот со нашата селекција го имаат утревечер од 20 часот.
Ракометарите на Вардар оствартија слатка одмазда против екипата ан Киелце во последниот меч за оваа година во ракометната Лига на шампиони. На дуелот во Скопје, „црвено-црните“ дојдоа до важна победа над полскиот тим од 28-27 и со тоа остануваат во борба за второто место во групата „А“. „Вардарци“ водеа во текот на целиот меч, но во финишот дозволија мал пад, по што гостите се приближија на само еден гол разлика. Сепак, по неколкуте тајм-аути нашиот шампион се созема и успеа да ја одржи предноста за победа. Кај Вардар најдобар стрелец беше Даинис Кристопанс со пет гола, Скубе даде четири, а…
Ракометарите на Вардар во сабота на домашен терен ја пречекуваат екипата на Киелце во еден од најважнте мечеви во Лигата на шампионите. По освоениот бод во Мешков, „црвено-црните“ имаат шанса да се изборат за второто место во групата, но за тоа ќе им биде потребна победа на саботниот дуел. „Последен меч од Лигата на шампионите сезонава, Киелце е наш противник, познат е неговиот квалитет, играат брз ракомет, имаат добра одбрана и одлични играчи. Важен меч за нас за да презимиме на второто место на табелата. Најважно е да играме добар ракомет цел натпревар, знаеме и можеме да играме, нема потреба…
Македонскиот ракометен преставник во европските купови, Еурофарм Работник, денеска ги доби противниците во групната фаза во ЕХФ Купот. Битолчани се најдоа во групата Б заедно со германскиот тим Хановер, хрватски Нексе кој настапува во СЕХА-лига и унгарска Татабања. Првите натпревари од групната фаза се играат на почетокот на февруари.
Македонската фудбалска репрезентација остана на 68. место на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. Нашата фудбалска репрезентација по победите над Лихтенштајн и Гибралтар обезбеди место во плеј-офот во лигата на нации, но не успеа да оствари напредок на ФИФА листата за овој месец. Избраниците на Игор Ангеловски останаа на истата позиција како и минатиот месец, сега со 1343 бода, 5 повеќе во однос на минатиот ранкинг. Нашиот следен противник во плеј-офот во Лигата на нации, селекцијата на Косово направи значителен напредок на листата искачувајќи се за 6 места на 131. позиција. На врвот на првите пет позиции немаше промени. Најуспешна…
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го одржа првиот собир во пресрет на вториот прозорец од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2021 и дуелот со Косово в недела. На првата прозивка одговорија тринаесет кошаркари од петнаесет повикани со исклучок на Шејн Витингтон кој пристигна во Скопје непосредно пред собирот како и Стојан Ѓуроски кој ќе пристигне денеска, заедно со селекторот Јорданчо Давитков. Сениорите ќе тренираат два дена в Скопје, а потоа ќе заминат во Гевгелија каде ќе ја финишират формата за натпреварот в недела. „Нема да биде воопшто лесно да се совлада Косово. Можеби олеснителна околност ќе ни биде ако за…
