Ариен Робен, кој пред неколку дена го најави своето заминување од клубот на крајот од оваа сезона, не ја отфрла можноста за завршување на кариерата.
„Се разбира, многу размислувам за мојата иднина. Минатата година беше исто кога го продолживме договорот за уште една година. Оваа година, исто така, разговаравме за ова прашање, и на крајот решив дека дојде време да заминам. Овие десет години беа прекрасен период. На лето ќе имам 35 години, а верувам дека мојата одлука ќе биде за мое и доброто на клубот. Што се однесува до завршувањето на кариера, ова прашање е отворено, сè може да се случи“, вели Робен.