Author: saso

Манчестер Јунајтед веќе започна да бара заменик за голманот Давид Де Хеа, кој има договор со тимот до крајот на сезоната, иако Мурињо вчера истакна дека силно верува дека Шпанецот ќе го продолжи договорот со клубот. Според авторитетни извори во Англија, дел од медиумите тврдат дека управата на „црвените ѓаволи“ е во контакт со голманот на Атлетико (Мадрид) Јан Облак и со младиот Џордан Пикфорд од Евертон, кои се фаворити да го заменат шпанскиот репрезентативец. Многу е веројатно дека во јануари Јунајтед и ќе го продаде Де Хеа за да заработи барем неколку милиони од неговата продажба. Сепак, последната одлука…

Read More
NBA

Лука Дончиќ продолжува со фантастичните настапи во дебитантската сезона во НБА лигата. Синоќа на гостувањето кај Хјустон, младиот Словенец ги понесе Маверикс до нова победа, овој пат постигнувајќи 20 поени надополнети со 6 асистенции. Меѓу неколку потези на вечерта, американските медиуми ја издвоија ова аневеројатна тројка од половина терен на крајот на првото полувреме. Дончиќ според многумина ќе биде прв кандидат за наградата „Дебитант на сеозната“. 🚨 LUKA beats the 1st half buzzer from DEEP! 🚨#MFFL 74#Rockets 56 Doncic: 15 PTS, 3 3PM James Harden: 13 PTS, 10 AST, 6 REB 💻📱: https://t.co/L3VurkatG8 pic.twitter.com/HDPGBC5jQs — NBA (@NBA) November 29, 2018

Read More

Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Порто и Шалке се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите еден круг пред крајот на групната фаза од натпреварувањето. Тие им се приклучија на носителот на трофејот од минатата сезона Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен, Рома и Ајакс, кои исто така ќе учествуваат во фазата на директните елиминации следнава пролет. Најинтересна за последната рунда останува ситуацијата во групата Ц каде што три тима имаат шанси да се пласираат на првите две позиции. ПСЖ го победи Ливерпул со 2-1 дома и има 8 бода на второ место во групата, додека Ливерпул…

Read More

Во изминатите две години само две екипи успеаја да се качат на подиумот во Формула 1 шампионатот со исклучок на Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, вели дека спортот не може да продолжи така. Во последните две сезони, во вкупно 41 трка или 123 можни места на подиумот, само двапати се случи пилот кој не вози за трите големи конкуренти за титулата да се искачи на некое од првите три места. Браун тврди дека раководството на Ф1 бара начини за зголемување на конкурентноста, бидејќи поделбата на само два големи ривали не треба да продолжи.…

Read More

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети беше крајно разочаран по поразот со 1:0 на гостувањето кај Тотенхем на “Вембли” во синоќешниот меч од Лигата на шампионите. Ако во последното коло од групната фаза Англичените ја победат Барса на “Камп Ноу” или извлечат нерешено, а миланскиот тим не успее против ПСВ Ајндховен, тогаш Италијанците ќе се збогуваат со желбите за осминафинале. „Во голема мера го сторивме она што требаше да го направиме. Имаше неколку минути кои беа исклучок. На крајот сме многу разочарани од резултатот. Ќе одиграме следниот натпревар со ПСВ, ќе се обидеме да победиме и ќе видиме што ќе се…

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека е многу разочаран од поразот на гостувањето кај ПСЖ синоќа. „Црвените“ беа поразени со 2:1 и сега дополнително се под притисок пред последното коло во групата каде ќе се решава пласманот во осминафиналето. „Тоа не беше наша вечер, иако сметавме дека сме подготвени за победа. Сега треба да одиме на успех на “Енфилд” против Наполи. Се уште ја држиме нашата судбина во свои раце”, прокоментирал Хендерсон.

Read More

Челзи ќе го продаде Цеск Фабрегас во Милан во јануари за сума од 10 милиони фунти. Веста ја лансираа повеќе медиуми, потврдувајќи дека двата тима водат преговори за трансферот на шпанскиот играч и “росонерите” се подготвени да ја платат потребната сума за него. Лондончани немаат намера да го спречат овој трансфер, бидејќи и самиот фудбалер сака да премине во клуб кад еќе добие повеќе простор за игра. Менаџерот на англискиот тим Маурицио Сари дал “зелено светло” за трансферот, само треба и двата клуба да си подадат рака. Договорот на Фабрегас со Челзи истекува на крајот од сезоната, а клубот има…

Read More

По ремито со Мешков во Брест, ракометарите на Вардар в среда им с евраќаат на обврските во СЕХА лигата. На прес-конференцијата пред мечот, тренерот Парондо вели дека целта е победа, без потценувањ ена противникот. “В среда играме против тим кој, можеби, не го познаваме многу добро. Тие се последни на табелата, но ако ги видите резултатите на сите натпревари губеа со 2-3 гола максимум. Затоа нема да ги потцениме, нема опуштање и сакаме да одиграме добар меч. Важно е за нас да победиме за да останеме на патот до Ф4 во СЕХА и важно е за играчите кои имаат помала…

Read More

Со победата над Васко де Гама од 1:0, фудбалерите на Палмеирас ја обезбедија десетата титула во клупската историја во бразилското фудбалско првенство и тоа на едно коло пред крајот на сезоната. Резервистот Дејверсон погоди во 71-тата минута, а избраниците на Луис Фелипе Сколари дојдоа до 77 бода по 37 средби и имаат недостижна предност од 5 бода пред вториот Фламенго, кој исто така победи во ова коло со 2:0 на теренот н Крузеиро. 70-годишниот Сколари го презеде Палмеирас во јуни на седмото место и со заостанување од 8 бода од лидерот на табелата, но под негово раководство тимот запиша 16…

Read More

Раководството на Баерн (М) викендов повторно ја разгледувало позицијата на Нико Ковач на кормилото на клубот, по ремито со Фортуна Дизелдорф во последното коло. Според информација на весникот „Билд“, Хрватот би може да биде разрешен од функцијата во случај на нов неуспех, овој пат на мечот од Лигата на шампионите против екипата на Бенфика. Претходно, претседателот на составот од Баварија, Ули Хенес, му кажал на Ковач дека дефинитивно ќе ја задржи функцијата за натпреварот во Лигата на шампионите, но не му гарантирал дека и по оваа средба со Португалците ќе биде на своето работно место. Според германските медиуми, оваа гаранција…

Read More