Единствениот женски преставник во ракометна Европа оваа есен, екипата на ЖРК Пелистер, во рамките наосминафиналето од Челинџ Купот ќе игра против нишка Наиса. Битолчанки на денешната ждрепка за противник ја добија моментно третопласираната екипа од српската ракометна лига за жени, а која беше сместена во листата на носители за ова осминафинале. Првиот дуел е закажан во Битола на 2/3 февруари, додека реваншот е во Ниш седум дена подоцна.
Author: saso
Менаџерот на Манчестер Јунајтед ќе му даде огромна сума на средства на главниот тренер на тимот, Жозе Мурињо, за да го засили тимот во јануарскиот трансфер период. Според информациите, и покрај вестите за рекордно намалување на цената на акциите на клубот од 2017 година, Мурињо ќе може да потроши десетици милиони евра за купување нови играчи во јануари. Мурињо ќе има можност да направи некои освежувања на оние позиции за кои клубот не успеа да ангажира засилувања во текот на летото. Португалскиот специјалист е заинтересиран за дефанзивецот на Атлетико Диего Годин, играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини и…
Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ајакс, младиот Френки де Јонг може да ја продолжи кариера во Франција. Според информациите, ПСЖ се приклучи на борбата за 21-годишниот фудбалер, а освен тоа тие изглегоа и со конкретна понуда за да го откупат договорот на фудбалерот. Информациите велат дек аво канцеларијата на Ајакс во Амстердам веќе има отворена понуда од 80 милиони евра која ПСЖ ја нуди за Де Јонг. Ова е огромна понуда за која Ајакс не треба да размислува двапати, затоа што истата во целост соодветствува со барањата на клубот. Барселона и Манчестер Сити исто така се заинтересирани за…
Манчестер Јунајтед започна преговори со дефанзивецот Крис Смолинг за нов договор. Двете страни сега преговараат за висината на платата од новиот договор, која сигурно ќе биде повисока од онаа која во овие моменти ја добива дефанзиваецот. Според некои извори од Англија, 29-годишниот фудбалер е подготвен да остане во тимот, но бара зголемување на платата од 80.000 фунти на 120.000 фунти неделно. Тоа е поприлично зголемување на платата за која Јунајтед се уште не постигнал согласност. Претходно медиумите објавија дека Смолибг на крајот на тековната сезона може да го промени тимот, а до неговиот агент стигнале и први понуди од Евертон…
Фудбалската легенда на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, потврди дека ја завршува својата 20-годишна фудбаска кариера. 40-годишниот Дрогба, кој е голгетер број 1 во историјата на националниот тим и најдобар странец реализатор во дресот на Челзи, на својот Инстаграм прфил ја објави пораката дека се повлекува од терените. „Кога размислувам за последните 20 години од својата професионална кариера, ја гледам оваа слика и не можам да не бидам горд со тоа што сум го постигнал. Но најглавното е дека сето ова ме формира како личност. Ако некој ви каже дека соништата се неостварливи – само кажете благодарам и вложувајте…
Дефанзивецот на Интер, Асамоа го поздрави доаѓањето на Бепе Марота во Милано. Двајцата одлично се познаваат од нивниот заеднички престој во Јувентус. Во текот на летото, “бјанконерите” не му понудија нов договор на репрезентативецот на Гана, и тој потпиша договор со Интер како слободен агент. Марота, пак по 8 години минати во Торино си замина и одлучи да ја прифати понудата и да дојде во Милано. Поранешниот извршен директор на Јуве сé уште официјално не започнал да работи во Интер, но во скоро време ќе го потпише договорот. „За мене е задоволство да работам со него. Марота е голема личност…
Рускиот фудбалски сојуз ќе ја поддржи номинацијата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за нов мандат на чело на светската федерација. Оваа одлука беше донесена на вчерашниот состанок на Извршниот комитет на руската федерација. Инфантино веќе објави дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите на ФИФА, кои ќе се одржат на 5 јуни следната година во Париз. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 5 февруари 2019 година. Џани Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година по скандалот со корупција, поради што Сеп Блатер го напушти претседателството.
По одигрувањето на синоќешните последните натпревари во групите од Лигата на нации полека стана јасно како ќе изгледаат и шеширите за престојната ждрепка за квалификациските групи за ЕП 2020 година. Ждрепката е закажана на 2 декември во Даблин (Р. Ирска), а репрезентациите се сместени во квалитативни шешири според пласманот во Лигата на нации. Македонија не успеа да биде најдобра во Лигата „Д”, па така Грузија се протна во четвртиот шешир, додка Македонија остана меѓу репрезентациите од петтиот шешир. Нашата сениорска селекција е заедно со репрезентациите на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург, Молдавија и Фарски Острови, кои не можат…
Атлетик Билбао го објави продолжувањето на договорот со напаѓачот Икер Муниаин до 2024 година. 25-годишен фудбалер чиј досегашен договор беше до следното лето реши да ја прифати понудата на клубот и да остане во Баскија и во следните 5 години. Интерес за него имаше кај Ливерпул и Наполи, кои имаа намера да го искористат неговото заминување и да го доведат како слободен играч. Сега, такво нешто не е можно. Оваа сезона Муниаин одигра 11 натпревари за момците од Билбао, постигна четири гола и имаше една асистенција.
Македонската хокеарска репрезентација вечерва ќе игра во финалето на „Развојниот Куп“ во Фисен, Германија. По вчерашната побед аво полуфиналето над селекцијата на Андора со 6:3, нашите хокеари успеаја да изборат историско финале на ова мини-европско првенство на репрезентации кои немаат свои затворени лизгачки арени. Македонија досега победи на сите четири средби, па останува против најголемиот конкурент Португалија да се бориме за првиот поголем трофеј. Финалниот дуел стартува вечерва од 19 часот.
