Атлетик Билбао го објави продолжувањето на договорот со напаѓачот Икер Муниаин до 2024 година. 25-годишен фудбалер чиј досегашен договор беше до следното лето реши да ја прифати понудата на клубот и да остане во Баскија и во следните 5 години.
Интерес за него имаше кај Ливерпул и Наполи, кои имаа намера да го искористат неговото заминување и да го доведат како слободен играч. Сега, такво нешто не е можно.
Оваа сезона Муниаин одигра 11 натпревари за момците од Билбао, постигна четири гола и имаше една асистенција.

