Вардар не успеа да и се одмазди на Барселона во саботата и повторно загуби на гостувањето во Шпанија. Сепак, „црвено-црните“ одиграа едно одлично полувреме и постогнаа неколку атрактивни погодоци. Еден од нив, оној на Вуко Борозан се најде на Топ 5 листата од најубави голови во осмото коло од Лигата на шампионите. Проектилот на „бомбардерот“ на Вардар беше незапирлив за Де Варгас, што беше доволно за четврто место на оваа ранг-листа. Најдобрите 5 гола за ова коло на ЕХФ – ЛИНК
Author: saso
Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, изрази поддршка за селекторот на националниот тим, Луис Енрике, и покрај неуспешниот обид на Шпанците да се пласираат во финалната фаза на Лигата на нациите . „Се разбира, би било добро да стигневме до финалната фаза, но барем успеавме да останеме во Лигата А. Исто така, мора да имаме на ум дека тимот е во процес на реструктуирање и има многу млади фудбалери во составот. Ќе продолжиме да одиме чекор по чекор и да веруваме во играчите“, вели Рубиалес.
Голманот на репрезентацијата на Белгија, Тибо Куртоа, по поразот од Швајцарија во групната фаза од Лигата на нациите изјави дека ова треба да биде една голема лекција за неговата репрезентација. „Мислам дека кога резултатот беше 2:0, имавме чувство дека победата е веќе во џеб. Но, ова е натпревар на високо ниво. Се надевам дека отсуството на пласман во следната фаза ќе биде поука за нас во иднина“, изјави Куртоа за белгиските медиуми.
Леброн Џејмс нанижа 51 поен и му помогна на Лос Анџелес Лејкерс да победи со 113:97 како гостин против неговиот поранешен клуб Мајами синоќа. Џејмс, кој додаде и 8 скока и 3 асистенции, ја помина границата од 50 поени по 13-ти пат во кариерата, а Лејкерси ја забележаа седмата победа во последните девет натпревари. Вејн Елингтон постигна најмногу кај домашните, 19 поени, а Мајами, кој имаше 6 победи во 16 натпревари, го постигна својот втор најлош почеток на сезоната во последните 12 години. Шампионот Голден Стејт дозволи и трет пораз, откако загуби со 92:104 како гостин во салата на Сан…
Милански Интер започна со преговори со играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, кој во јануари би требало да се пресели во Милано. Според извори од клубот, „нероазурите“ веќе доставиле прва понуда до Бреша за 18-годишниот играч од средниот ред во износ од 15 милиони евра плус бонуси. Веројатно, обидот на Интер ќе мора да има и втора понуда, со оглед на тоа што оваа е премала за барањата на претседателот на второлигашот, кој јавно потврди дека ќе бараат најмалку 25 милиони евра за продажба на фудбалерот. Оваа сезона, Тонали на 11 натпревари во Серија Б постигна еден гол.
Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа и до шестата сезонска победа во осмиот настап од новата сезона во АБА 2 лигата. „Металците“ брзо се рехабилитираа по поразот од Работнички во домашниот шампионат. Победничката серија во АБА 2 лигата ја продолжија со триумф против екипата на Динамик од Белград со 84:74. Најефикасен кај МЗТ Скопје во победата беше Иванов со 24 поени, а до него веднаш беше и Бојиќ со 22 поени. Кај гостите, Чакаревиќ постигна 18 поени.
Напаѓачот на Краснодар, Ари, кој е роден Бразилец, е уште еден натурализиран фудбалер во руската фудбалска репрезентација. Тој е повикан да дебитира за руската репрезентација веќе на следниот меч, иако за само неколку месеци ќе влезе во 34 година од животот. Ари веќе девет години живее и работи во Русија, а играше за Спартак, Локомотив и сега е во Краснодар. Тој аплицираше за руско државјанство во 2017 година, а сега истото го доби на рака. Крилниот напаѓач ќе чека своја шанса на пријателскиот меч со Германија или на мечот со Шведска во Лигата на нациите.
Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав денеска ќе тренира во малото швајцарско место Фусисберг пред заминувањето во Вадуц в четврток за натпреварот против Лихтенштајн во рамки на Лигата на нациите, претпоследен во групната фаза. Нашиот репрезентативец, Енис Барди смета дека Македонија на дуелот со Лихтенштајн мора да одигра внимателно и дисциплинирано, а резултатот од Скопје не смее да не залажува. „Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично,…
Англискиот премиерлигаш Фулам утрово го разреши менаџерот Славиша Јокановиќ и на негово место веднаш го назначи, некогашниот тренер на екипата на Лестер, Клаудио Раниери. Јокановиќ заминува откако на стартот на новата сезона освои само 5 бода во 12 одиграни натпревари. Раниери по куса пауза, повторно се враќа во Премиер лигата. 67-годишниот стратег кој го предводеше Лестер до титулата во 2016 година ќе се обиде да го извади Фулам од кризата и да го задржи во елитата и следната сезона.
Ливерпул е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да извади 85 милиони фунти веќе во јануари за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, тврдат англиските весници. Менаџерот на “црвените”, Јирген Клоп сака да му подаде рака на младиот француски репрезентативец и да го донесе во Премиер лигата. Во моментов Дембеле е во конфликт со својот тренер во Барса, Ернесто Валверде, поради честите доцнења на тренинзите и состаноците, па голема е веројатноста за него се помалку да има простор на натпреварите на тимот. Критики за неговото однесување даде и селекторот на Франција, Дешамп.
