Напаѓачот на Краснодар, Ари, кој е роден Бразилец, е уште еден натурализиран фудбалер во руската фудбалска репрезентација. Тој е повикан да дебитира за руската репрезентација веќе на следниот меч, иако за само неколку месеци ќе влезе во 34 година од животот.
Ари веќе девет години живее и работи во Русија, а играше за Спартак, Локомотив и сега е во Краснодар. Тој аплицираше за руско државјанство во 2017 година, а сега истото го доби на рака.
Крилниот напаѓач ќе чека своја шанса на пријателскиот меч со Германија или на мечот со Шведска во Лигата на нациите.