Голманот на репрезентацијата на Белгија, Тибо Куртоа, по поразот од Швајцарија во групната фаза од Лигата на нациите изјави дека ова треба да биде една голема лекција за неговата репрезентација.
„Мислам дека кога резултатот беше 2:0, имавме чувство дека победата е веќе во џеб. Но, ова е натпревар на високо ниво. Се надевам дека отсуството на пласман во следната фаза ќе биде поука за нас во иднина“, изјави Куртоа за белгиските медиуми.