Првите луѓе на ПСЖ не се подготвени да ризикуваат и да го загубат младиот Рабио без пари, па затоа пред истекот на неговиот договор се подготвени да го продадат уште оваа зима. Според „Ле Паризиен“, спортски директор Антеро Енрике во моментов работи на потенцијалната продажба на францускиот фудбалер на зимскиот трансфер прозорец. Енрике е загрижен за неговата репутација и имиџ во клубот и смета дека е неприфатливо тој да си замине како слободен играч. Рабио веќе две години е во наводни преговори со ПСЖ з апродолжување на договорот, но засега резултати од преговорите нема, а младиот француски фудбалер е упорен…
Author: saso
Бразилската суперѕвезда, Нејмар, сепак, не е сериозно повреден и наскоро ќе се врати на терените. Тој синоќа го напушти теренот за време на контролниот меч со Камерун по само осум минути игра и стравувањата беа дека повредата е од сериозен карактер. Сепак, лекарот на националниот тим изјави дека првите наоди велат дека станува збор за полесна повреда, но деталните прегледи кои ќе бидат направени денеска ќе ја дадат и комплетната слика. Според овие информации може да се заклучи дека Нејмар, сепак, ќе биде подготвен до следата недела за дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски, се врати од настапите за репрезентацијата на Полска со болки во коленото и најверојатно не ќе може да настапи за баварците на следниот меч во првенството. Тој и вчера работел само индивидуално на тренингот на тимот, а најверојатно фитнес процесот ќе продолжи и овој викенд. Ариен Робен, кој имаше проблеми со коленото, за првпат најде во групата фудбалери кои вчера тренираа заедно, па потоа продолжил да работи на индивидуална програма. И за двајцата е крајно неизвесно дали ќе играат против Фортуна Дизелдорф викендов во рамките на 12. коло од Бундеслигата.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, наскоро може да се врати на работа и тоа повторно како селектор. Според шпанските изданија, раководството на Фудбалската федерација на САД е заинтересирано за услугите на шпанскиот специјалист. Американците се во потрега по нов селектор, а Лопетеги би бил добра инвестиција во развојот на репрезентативниот фудбал во оваа земја. Во моментов САД има многу млади фудбалери во тимот, а искуството на Лопетеги, кој работел со младите во шпанската репрезентација, ќе биде добредојдено. Во моментов, САД имаат в.д. селектор во името на Дејв Сарачан, под чие раководство тимот загуби на тест-дуелите со Англија и…
Селекторот на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, излезе со скратен список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на тековниот месец ноември. Сениорите, кои веќе имаат две победи од два одиграни натпревари во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, ќе го одиграат третиот натпревар во рамки на вториот прозорец, против Косово на 2. декември во Гевгелија. Сениорите ќе одржат краток собир в Скопје (28. ноември, 20:00, СЦЈС), а потоа ќе заминат за Гевгелија каде ќе продолжат со активности до одигрување на натпреварот. СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ Војдан Стојановски Дамјан Стојановски Александар Костоски Дарко Соколов…
Еден од нашите најдобри фудбалски судии, Александар Ставрев, ја доби улогата да го суди дерби дуелот од 15. коло на ПМФЛ меѓу екипите на Вардар и Работнички. Локалното дерби овој пат нема да се игра на националната арена, туку на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Овој натпревар е дерби на колото кое е закажано за 22 ноември (четврток). Интересно е тоа што на четирите од петте средби во ова коло во ПМФЛ, ќе судат судии од Скопје, само мечот меѓу А. Пандев и Победа ќе го суди Зоранчо Темелков од Кавадарци.
Македонската хокеарска репрезентација стартуваше со победа на Развојниот Куп кој се одржува во Фисен, Германија. Нашите хокеари славеа со 9:6 над селекцијата на Р. Ирска. Во своето прво учество на ова светско првенство за мали земји, Македонија тргна одлично и успеа да ја оствари премиерната победа, иако до пред крајот беше неизвесно. Првата третина Македонија ја доби со 3:2, во втората беше 4:3, а во последната 2:1 за нашата селекција. Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Стопар -6, Кристијан Ташевски, Андреј Василев Самуел Наумовски Викиус по 1 гол. Денеска во 1. коло играат и Португалија и Андора. Ние веќе попладнево…
Поранешниот тренер на репрезентацијата на Аргентина , Хорхе Сампаоли, може да ја преземе репрезентацијата на Кина. Според аргентинските весници, претставниците на Фудбалската федерација на Кина веќе почнаа преговори со стратегот кој остана без работа откако беше отпуштен од националниот тим на Аргентина минатото лето. На чело на кинескиот тим, Сампаоли треба да го замени Марчело Липи, кој заработуваше повеќе од 15 милиони евра годишно. Најавите велат дека и на Сампаоли ќе му понуди иста плата.
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски ќе мора да паузира 2-3 недели по последната повреда заработена на мечот со Лихтенштајн. Спировски утре патува за Будимпешта, каде во договор со медицинскиот и стручниот тим ќе го договори својот процес на рехабилитација.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот го пречекува Гибралтар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации. По четирите победи на досегашните пет настапи, избраниците на Игор Ангеловски денеска треба само да го потврдат пласманот на првото место и пласман во полуфиналето од плеј-офот. На Македонија и е доволен и бод против Гибралтар за првото место и пласман во полуфиналето. Нашата селекција денеска останува без Горан Пандев кој нема да настапи поради жолти картони, но во составот се враќаат Алиоски и Елмас, кои не настапија поради истата причина на дуелот со Лихтенштајн. Главен судија на…
