Македонската хокеарска репрезентација стартуваше со победа на Развојниот Куп кој се одржува во Фисен, Германија. Нашите хокеари славеа со 9:6 над селекцијата на Р. Ирска.
Во своето прво учество на ова светско првенство за мали земји, Македонија тргна одлично и успеа да ја оствари премиерната победа, иако до пред крајот беше неизвесно. Првата третина Македонија ја доби со 3:2, во втората беше 4:3, а во последната 2:1 за нашата селекција. Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Стопар -6, Кристијан Ташевски, Андреј Василев Самуел Наумовски Викиус по 1 гол.
Денеска во 1. коло играат и Португалија и Андора. Ние веќе попладнево ќе го имаме и вториот меч, овој пат против селекциата на Андора. Дуелот тргнува од 18 часот.