Бразил се уште нема потврда дека ќе биде домаќин на Ф1 трка и по истекот на актуелниот договор. Тоа ги отвори шпекулациите дека Бразилското ГП може да излезе од календарот по 2020 година. Сегашниот договор за трката на Интерлагос е до 2020 година, а засега нема индиции дека истиот ќе биде продолжен. Причината поради која договорот не може да се обнови е високата цена за која градот ја бара за функционирање на патеката Интерлагос, каде што се одржува бразилската трка во Формула 1. Ако Бразил излезе од трката, голема е веројатноста на нејзино место веднаш да се вметне трката за…
Author: saso
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изрази мислење дека оваа сезона Манчестер Сити може да ја помине сезоната во Премиер лигата без пораз. „Колку повеќе ги гледам натпреварите на Манчестер Сити, толку повеќе разбирам дека засега нема тим кој би можел да ги победи. Го видов нивниот натпревар со „Волфс“ и си реков дека сезоната ќе биде тешка и за нив. Сепак, оттогаш не сум видел некој кој може да им се спротивстави. Не гледам тим што може да ги победи. Најверојатно, Ливерпул ќе им биде најголем конкурент, но Сити се мајстори да ја задржат позицијата…
Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, изјави дека не помислува да го напушти францускиот главен град, иако неговото име е поврзано со тимови како Барселона и Јувентус. 26-годишниот фудбалер во последниве години е еден од најистакнатите играчи од средниот ред и во секој трансфер период се споменува неговото име. „Не ми е гајле за што зборуваат медиумите или што велат новинарите, јас не мислам на промена на тимот“, изјавил Италијанецот. „Јас сум во тимот веќе неколку години и никогаш немав никакви проблеми со некој од тренерите, и сакам да продолжам да му помагам на тимот и да се…
Реал (М) може да биде новиот клуб на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез и тоа уште оваа зима. Сепак, „Црвените Ѓаволи“ засега се немаат изјаснато дали навистина сакаат да се ослободат од него. Санчез преку своите агенти најави дека сака да си оди од „Олд Трафорд“. Имаше информации дека за него е заинтересирана екипата на ПСЖ, но засега нема сериозни индиции дека парижани би го донеле во јануари. Реал е во потрага по ново засилување во нападот, па Чилеанецот би закрпил некоја дупка во тимот на Солари. Двата тима се очекува лесно да постигнат договор за цената на Чилеанецот,…
Голманот на Атлетико (М) Јан Облак е сериозно гневен на клупското раководство кое се уште не му достави предлог за нов договор. Облак верува дека како што тоа се случи со другите ѕвездите на тимот Антоан Гризман, Саул и Коке и за него атлетико треба да подготви нов подобрен договор. Според неколку медиуми, Словенецот е подготвен да го напушти тимот во јануари, бидејќи се чувствува потценет од раководството на клубот. Тековниот договор на Облак со клубот е до летото 2021 година. Облак одамна е интересен за некои од најдобрите европски клубови.
Македонските фудбалски легенди денеска одиграа ревијален меч со ветераните на поранешниот европски и светски шампион Црвена Звезда од Белград на помошниот терен на Работнички, како дел од одбележувањето на 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Победата им припадна на гостите од Белград со 1:0, но резултатот е во втор план. Еден куп луѓе дојдоа да го погледнат мечот и да се потсетат на дел од ведетите на поранешниот југословенски фудбал. Во преден план беа легендарниот Драган Џаиќ, потоа Владимир Петровиќ – Пижон, Јован Аќимовиќ, но и Дарко Панчев, Илија Најдоски, Тони Мицевски.
Согласно критериумите за доделување на наградата „13 Ноември“, денеска Сојузот на спортови на Скопје ги врачи наградите на најзаслужните спортисти, трениери, екипи и спортски работници. Наградата за спортист на град Скопје му припадна на кик-боксерот Бобан Илиоски, член на клубот Шампион од Скопје, кој оваа година освои бронзен медал на ЕП во Братислава. Неговиот тренер и селектор, Дејан Митровски ја доби наградата за најдобар тренер, додека наградата за најдобар спортски судија отиде во рацете на тенискиот арбитар Зоран Поповски. Наградата „13 Ноември“ и припадна и на машката ракометна екипа на Вардар, како и на спортските работници Никола Тасев, Перица Крстевски…
Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги започна подготовките за последните два натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн (16. ноември, Вадуц) и Гибралтар (19. ноември, Национална арена „Филип Втори“. Нашата најдобра селекција првиот дел од подготовките ги започна во швајцарското место Фусисберг каде што ќе одработи три тренинзи пред заминувањето во Вадуц в четврток. Еден од оние кои први пристигнаа во репрезентативниот камп, Бобан Николов, вели дека овие два меча ќе бидат потврда на првото место во групата. „Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да…
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) планира да го намали бројот на играчите кои имаат право на настап во Премиер лигата од 17 на 12, тврди весникот Тајмс. Предлогот бил испратен до клубовите оваа недела и треба да се дискутира во следниот период. Наместо сегашните 17 фудбалери кои како странци надвор од границите на Велика Британија настапуваат за англиските клубови, од ФА предложиле клубовите да можат да ангажираат најмногу 12 странци. Со тоа ФА сака да ја покрене иницијативата за развој на младинскиот фудбал во земјата, кој полека замира со големиот број странци кои настапуваат во локалните клубови.
УЕФА објави дека може да иницира нови истраги за прекршувањето на финансискиот фер-плеј. Изјавата доаѓа откако беа објавени низа документи преку Football Leaks кои се поврзани со Манчестер Сити и ПСЖ. Финансискиот фер-плеј беше воведен со идеја да се постигне рамнотежа во финансиските дела на клубовите, да се ограничат загубите и обврските, како ги да не се дозволува да се трошат повеќе пари од оние кои клубовите ги заработуваат. Друга цел е да се ограничат огромните инвестиции преку спонзорски договори од сопственици на компании поврзани со нив. „Пред седум години европските клубови имаа вкупно 1.7 милијарди евра обврски. Минатата година…
