Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Николов: Сега сме фокусирани на Лихтенштајн, сакаме три бода
    Фудбал

    Николов: Сега сме фокусирани на Лихтенштајн, сакаме три бода

    sasoBy saso13/11/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација синоќа ги започна подготовките за последните два натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн (16. ноември, Вадуц) и Гибралтар (19. ноември, Национална арена „Филип Втори“.

    Нашата најдобра селекција првиот дел од подготовките ги започна во швајцарското место Фусисберг каде што ќе одработи три тренинзи пред заминувањето во Вадуц в четврток.

    Еден од оние кои први пристигнаа во репрезентативниот камп, Бобан Николов, вели дека овие два меча ќе бидат потврда на првото место во групата.

    „Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на предходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни“, изјави Бобан Николов.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Шкрињар ќе остане професионалец до крај

    02/02/2023

    Нов тежок удар за Јуве!?

    02/02/2023

    Гринвуд не бил виновен

    02/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.