Author: saso

Романскиот боксер Думитру Викол е освојувачот на „Златниот Гонг“ оваа година. Тој денеска победи во финалето во категоријата до 75 килограми со 3:0 против нашиот боксер Октај Фератов и ги освои симпатиите на стручното жири. Наградата за најдобат техничар му припадна на бугарскиот боксер Бојан Асенов, додека најдобар македонски боксер на ова издание на „Златниот Гонг“ беше прогласен Јасин Љама, кој победи во финалето во категоријата до 60 килограми. Годинава на „Златниот Гонг“ се појавија 40-тина боксери од 8 земји. Од Македонија имаше боксери во скоро сите завршни борби, но победи остварија само Љама и Демиров.

Read More

Ливерпул може да му дозволи на резервниот голман симон Мињоле оваа зима да го напушти клубот и да замине во Франција. За него е сериозно заинтересиран новиот тренер на Ница, Патрик Виеира. Според информациите, Виеира е подготвен на преговори со „црвените“, а прашање е дали Англичаните ќе се согласат на евентуален целосен трансфер, или само за позајмица. Ситуацијата може да има развој за Мињоле, доколку Бешикташ реши да го врати Лорис Кариус во Ливерпул во јануари.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Ј., Матео Дармиан, скоро сигурно го напушта тимот во јануари. Како што објавиле извори од клубот, тој најверојатно ќе се врати во Италија. Дармиан не е во плановите на Жозе Мурињо, и клубот не треба да го попречува во намерата за промена на средината. Италијанецот е трансфер цел и на Интер и на Ромa.

Read More

49-годишниот Холанѓанец Марсел Кајзер е назначен за нов тренер на екипата на Спортинг од Лисабон. Тој ќе биде новиот тренер на нашиот интернационалец Стефан Ристовски. Кајзер доаѓа во Португалија од екипата на Ал-Џезира каде последен пат ја вршеше улогата на прв тренер. Претходно тој беше тренер и на екипата на Ајакс. Договорот на холандскиот стручњак со лисабонскиот тим е практично до 30 јуни 2021 година, соопштија од клубот.

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед може да биде сериозно ослабена за големото градско дерби со Сити во рамките на 12. коло од англиската Премиер лига, откако стана јасно дека Пол Погба може д аго пропушти мечот поради повреда. Погба ги одигра сите 90 минути во натпреварот од 4-тата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Јувентус (2:1), но во петокот беше отсутен од тренингот на тимот. Натпреварот Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед ќе се одигра в недела на стадионот “Етихад“ и ќе биде голема штета доколку Мурињо не смета на еден од своите најдобри фудбалери.

Read More

Прв пат во историјата, вечерва лутите градски ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе се соочат во финалето на Копа Либертадорес. Првиот од двата големи натпревари се игра од 21.00 часот на популарната „Ла Бонбоњера“, а реваншот е една недела подоцна на Монументал. Популарното „Суперкласико” е најголемото градско дерби во светот. Дуел носи многу тензија и нервоза како на трибините така и на теренот. Често мечевите завршувале со тепачки меѓу играчите и меѓу навивачите на трибините. Вечерва ќе биде посебно интересно затоа што влогот е огромен, а тоа клупската титула во Јужна Америка.

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентацијата, Игор Ангеловски, на прес-конференција го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за последните два меча од групната фаза од Лигата на нациите, против Лихтенштајн и Гибралтар. Нови имиња на списокот на Ангеловски се голманот на Арсенал, Дејан Илиев, како и голгетерот на Сараево, Крсте Велкоски. За разлика од претходните два меча од октомврискиот циклус, Дарко Велковски, Давид Митов Нилсон и Стефан Ристовски кои се повредени, не се вклучени во списокот. На мечот со Лихтенштајн нема да може да играат и Езџан Алиоски и Елиф Елмас поради картони. Во составот се враќа Иван Тричковски,…

Read More

Денес ќе се одиграат натпреварите од 4. коло и во Лигата на Европа. Турнирот влегува во важна фаза, особено за тимовите кои имаат амбиции да обезбедат пласман во следната рунда. И македонските интернационалци денеска ќе имаат свои настапи. Видеотон на Бобан Николов на домашен терен го пречекува грчки ПАОК, додека Фенербашче на Елмас е домаќин на Андерлехт. Адеми со Динамо (З) пред своја публика ја пречекува екипата на Трнава, додека Спортинг без нашиот Стефан Ристовски кој е повреден му гостува на Арсенал во Лондон. Последниот наш интернационалец, Иван Тричковски со екипата на АЕК Ларнака денеска гостува во Бугарија на меч…

Read More

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо не покажа особени симпатии кон својот поранешен тим Манчестер Јунајтед и вели дека синоќешната победа на “црвените ѓаволи” воопшто не била заслужена. „Лигата на Шампионите е посебна трка, каде можеш да победуваш, но никогаш не смееш да се опуштиш. Ние доминиравме во текот на 90 минути и имавме толку многу шанси. Можевме да ги совладаме многу лесно со три или четири гола разлика, но се опуштивме и бевме казнети поради тоа. Манчестер Јунајтед не направи ништо за да биде победник. Дури не можеме да зборуваме за среќа, бидејќи дури и среќата треба да ја бараш.…

Read More

Стратегот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо рече дека бил навредуван во текот на целиот меч од навивачите на Јувентус поради своето минато со Интер и поради тоа на крајот се обиде да ги испровоцира домашните навивачи. Црвените ѓаволи победија со 2:1 во Торино со пресврт во последните минути, а по завршувањето Португалецот иронично ја стави раката на своето уво покажувајќи кон навивачите на Јувентус. „Не можев да останам смирен откако бев постојано навредуван, како и моето семејство. Не беше пријатно, па реагирав на свој начин. На крајот, мојата работа беше да победам и да го заборавам минатото. Но навивачите не…

Read More