Author: saso

Кевин Де Бруине е уверен дека ќе биде подготвен да се врати на терените за дербито против неговиот поранешен тим Челзи на “Стемфорд Бриџ”, кое е на програмата следниот месец. Рехабилитацијата на Белгиецот оди забрзано и тој би требал да се врати на терените и порано од првичните прогнози. Се очекува тој да биде подготвен за игра за дуелот против Бурнемаут кој е на 1 декември или против Ватфорд на 4 декември, што ќе му овозможи да игра и против Челзи само четири дена подоцна.

Read More

Шпанскиот прволигаш Селта Виго го отпушти тренерот Антонио Мохамед. Лошите резултати од почетокот на сезоната му пресудија. Аргентинецот заминува од кормилото на тимот по полседниот пораз кој момците од Виго го претрпеа на домашен терен од Реал Мадрид со 4:2. Селта има само една победа во последните девет натпревари од шпанскиот шампионат и се наоѓа на 14 место со само 14 освоени бода.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е под истрага за прекршување на правилата за ограничувањето на фудбалерите да учествуваат во обложување на фудбалски средби, објави Фудбалската асоцијација (ФА). Фудбалер на Ливерпул има една недела да ја објасни ситуацијата пред истражните органи. Ливерпул рече дека ќе учествува во истрагата и ќе помогне со информации. „Даниел цврсто не увери дека никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари“, велат од „Енфилд“.

Read More

Иако вчера на дуелот со Барселона одигра со многу грешки, Вардар, сепак, ги имаше донекаде расположените голмани Милосављев и Гедбан кои на моменти го враќаа тимот во живот. Токму Алжирецот Гедбан влезе во изборот на ЕХФ за најдобра интервенција во колото. Тој успеа да одбрани еден напад на Барслеона при водство на гостите од 17-11 и да не дозволи Барселона комплетно да го уништи нашиот шампион. Оваа одбрана на Гедбан треба да биде дополнителна мотивација за реваншот во Каталонија. Инаку, во продолжение се најдобрите пет одбрани според ЕХФ за ова коло од ЛШ. ЛИНК

Read More

“Ќе умреме за Сантијаго”, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид, Алваро Одриозола, откако под раководство на привремениот тренер Сантијаго Солари тимот се врати во одлична серија и ја победи и Селта на вчерашното гостување со 4.2. Денес е последниот официјален ден за работа за Солари барем во однос на функцијата “привремен тренер”. Според правилата на Шпанската Федерација, оваа позиција може да се користи само две недели по назначувањето. Но, добрите резултати на Реал под раководство на младиот стратег го убедија менаџментот да го задржи барем до крајот на сезоната. И Одриозола вели дека Солари ја има комплетната доверба на фудбалерите. „Ние…

Read More

Денеска на пладне, во градот Фојсисберг во Швајцарија, селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски ќе го направи првиот собир на нашата репрезентација во пресрет на првиот од двата последни меча во групната фаза од Лигата на Нации. Според најавите, само Пандев и Алиоски треба да задоцнат со пристигнување во Швајцарија, додека останатите навреме треба да се појават на собирот. Македонија во Вадуц на 16 ноември го игра дуелот со селекцијата на Лихтенштајн, додека последниот меч со Гибралтар ќе го одиграме следниот понеделник против селекцијата на Гибралтар на домашен терен.

Read More

Рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, кој е сопственик на Монако, нема намера да го продаде клубот во блиска иднина, и покрај проблемите со законот. Ова го најави потпретседателот на тимот, Вадим Василиев . „Ако еден ден се оствари сонот на Риболовљев и Монако ја освои Лигата на Шампионите, тогаш можеби тој ќе го продаде клубот“, вели Василиев. Пред неколку дена сопственикот на Монако беше притворен во врска со судска истрага против него по обвиненија за корупција и недозволена трговија. Подоцна бизнисменот бил ослободен од притвор, по што го напуштил Монако и пристигнал во Москва.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека Дани Велбек бил подложен на операција поради скршеницата на скочниот зглоб. Напаѓачот на „топчиите“ се повреди на дуелот со Спортинг Лисабон оваа недела и најверојатно ќе биде надвор до крајот на сезоната. „Имаше операција во петокот. Тоа е тешка повреда, но докторот може да одговори подобро од мене. Има најави дека ќе ја пропушти сезоната“, изјави Емери по ремто со Вулверхемптон вчера.

Read More

Поранешниот тренер на Реал, Зинедин Зидан има четири понуди за да ја продолжи својата тренерска работа. Како што тврдат француските медиуми, за него сериозно е заинтересирана екипата на Манчестер Јунајтед, но исто така и Баерн, ПСЖ еден од кинеските гиганти. Пред Зидан има четири отворени понуди, но тој засега не решил дали некоја ќе прифати. Извори блиски до него велат дека тоа и да се случи веројатно ќе се случи на крајот на сезоната, затоа што Зидан сака да учествува во градењето на тимот кој ќе го предводи од самиот почеток.

Read More

Пораз на домашен терен претрпеа ракометарите на Вардар на денешната пресметка со Барселона во новото коло од ракометната ЛШ. Гостите славеа со 30:26 во меч во кој Вардар направи безбропј технички грешки кои уште на стартот на гостинот му донесоа пристојна предност од неколку гола разлика. Иако се обидуваа, ракометарите на Вардар и во второто полувреме не успеваа да ја намалат негативата. Цврстиот гостински тим одржуваше предност до 3-4 гола, која на крајот се покажа и како клучна за победата. Одличен во гостинскиот тим беше Дика Мем со осум гола, а Мортенсен и Фабрегас дадоа по четири гола, додека кај…

Read More