Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека Дани Велбек бил подложен на операција поради скршеницата на скочниот зглоб. Напаѓачот на „топчиите“ се повреди на дуелот со Спортинг Лисабон оваа недела и најверојатно ќе биде надвор до крајот на сезоната.
„Имаше операција во петокот. Тоа е тешка повреда, но докторот може да одговори подобро од мене. Има најави дека ќе ја пропушти сезоната“, изјави Емери по ремто со Вулверхемптон вчера.