Голгетерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, се извини за чудниот пенал кој го изнуди на вчерашниот меч со екипата на Шахтјор во Лгата на шампионите. Напаѓачот сам падна земјата откако се сопна од тревата, а на изненадување на сите, судијата, Виктор Касаи покажа на белата точка. Стерлинг вели дека се чувствува лошо за тоа што се случило и му се извини на судијата и на Шахтјор. „Се обидов да ја шутнам топката и тогаш едноставно не знаев што се случи. Се свртев и мислев дека е има контакт со некој од нивните играчи. Јас паднав на земја. Жалам што се…
Author: saso
Лионел Меси сам ќе одлучи дали ќе игра на следниот меч со Бетис, или не. Одлуката за настапот ќе биде само негова, потврдил менаџерот на каталонците, Ернесто Валверде. Како што е познато, Меси беше во Милано за мечот со Интер во ЛШ но не се најде ни на клупата за резерви. Аргентинецот закрепна од повредата на лактот, но очигледно не беше подготвен за настап на средбата во вторникот. Медицинскиот тим на Барса рече дека Меси ќе треба уште три недели да ја излекува повредата на лактот, но тој се врати и порано. Останува да се сочека неговиот прв настап, можеби…
Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте ќе го даде лондонскиот клуб на суд за да си ги наплати парите од договорот кој го имаше со клубот, а кој прерано беше раскинат по отказот кој го доби. Италијанецот беше ослободен една година пред крајот на договорот и смета дека треба да го добие целосниот износ на договорената плата, додека лондончани очигледно имаат друго мислење. Неговите адвокати работат веќе со недели на два предмети, кои Челзи не сака да ги прифати. Според некои тврдења Конте сака дополнително обештетување од 8,7 милиони фунти за нанесена штети и плус платата за последната година од…
Забранетиот хормон за растење се користи во екипата на Барселона за да им помогне на играчите побрзо закрепнување. Ова го објави новинарот Греам Хантер, кој живее во главниот град на Каталонија. Неговата информација осамна на социјалните мрежи само неколку часа откако „Football Leaks“ објави дека е некоја голема светска фудбалска ѕвезда била позитивна на допинг тест, но нејзиното име не е објавено. Хормонот за растење е апсолутно забранет во светскиот спорт, но јасно е дека неговата примена помага во опоравување од повреди. Засега не се споменуваат детали, но Хантер најави дека приказната допрва ќе добива на јачина.
Рускиот милијардер и сопственик на Монако, Дмитриј Риболовљев би можел да биде вклучени во финансиската измама, велат последните информации објавени од „Football Leaks“. Според изворот, бизнисменот инвестирал големи суми во клубот заобиколувајќи го финансискиот фер плеј. За таа цел, бил потпишан договор со маркетинг агенција која раководи со Монако и која добила ветување дека ќе добие исплати од вкупно 1,4 милијарди евра во текот на 10 години. Во исто време, Риболовљев морал да ги користи оф-шор компаниите во Хонг Конг и Девствените Острови, а условите на договорот со компанијата биле скриени од УЕФА, со цел да се избегнат обвинувања за…
Менаџерот на Ливерпул, Јуирген Клоп, сепак го остави надвор од тимот Швајцарецот Џердан Шаќири за утрешниот меч со Црвена Звезда во ЛШ. Швајцарецот нема да патува со екпата за Белград, откако стана јасно дека тој не е добредојден во српската престолнина. „Слушнавме и прочитавме за тоа каков би можел да биде приемот на Шаќири, иако немаме навистина поим што би можело да се случи. Сакаме да одиме таму и да бидеме фокусирани 100% на фудбал и да не размислуваме за друго. Ние сме Ливерпул, голем клуб. Немаме политичка порака, сакаме фокусот да биде на одлична фудбалска игра“, истакнал Клоп. Менаџерот…
Извонредната партија на дуелот со Мешков во саботата во Скопје го смести вардаровиот бек Игор Карачиќ во тимот на колото во ракометната Лига на шампиони. Единаесетте постигнати голови сосема заслужено го донесоа до најдобрата „седумка“ на колото во Лигата на шампионите. Покрај Карачиќ во изборот на најдобрите за ова коло ЕХФ ги рангираше и Александар Вестби (Елверум) за најдобро лево крило, Аиденас Маласинскас (Мотор) најдобар среден бек, Мелвин Ричардсон (Монпеље) најдобар десен бек, Михал Дашек (Висла) најдобро десно крило, Јаник Колбахер (Рајн Некар Ловен) најдобар пикер и Бенјамин Буриќ (Флензбург) најдобар голман.
Во мечот на вечерта во НБА лигата, екипата на Торонто оствари убедлива победа над ЛА Лејкерс со 121-107 во меч во кој Серж Ибака постигна 34 поени и 10 скока и го имаше својот меч на кариерата во НБА лигата. Одлична партија имаше и Кајл Лаури со 21 поен, 15 асистенции и 6 украдени топки, додека дабл-дабл ефект имаше Паскал Сиакам со 16 поени и 13 скока. Кај поразените „езерџии“, Кајл Кузма со 24 поени беше најефикасен на средбата, додека Леброн Џејмс уфрли 18 поени со 6 асистенции. Портланд, пак, на крилата на Јусуф Нуркиќ ја совлада Минесота со 111-81.…
Најголемата ѕвезда во тимот на Барселона, Лионел Меси сака да се врати на терените веќе на утрешниот меч со Интер во Лигата на шампионите. Тој се најде во групата која патува за Милано, но претпоставките беа дека најверојатно ќе остане на клупата. Сепак, последните вести велат дека Аргентинецот кој ги пропушти последните четири натпревари за тимот е нестрплив да се врати на теренот. Лекарите се уште официјално немаат потврдено дека тој е подготвен за настап, па затоа ќе се чека денешниот тренинг пред Валверде да донесе конечна одлука дали Меси ќе почне од клупа или во првиот тим.
Гонзало Игуаин синоќа не успеа да го заврши гостувањето кај Удинезе во последниот меч од редовното коло во Серија А лигата поради повреда на грбот. Како што соопштија од клубот, станува збор за болка која аргентинскиот стрелец ја почуватвувал по еден судир и затоа предвреме мораше да биде повлечен од игра. Медицинскиот тим на Милан веќе работи на целонска анализа на повредата, а првите анализи покажале деке нема никакво посериозно оштетување. Поради внимателност, најверојатно Игуаин нема да замине на средбата со Бетис во Лигата на Европа во четврток.
