Author: saso

Капитенот на Њукасл, Џамал ​​Ласелс, потпиша нов долгорочен договор кој ќе го задржи во тимот до 2024 година. Дефанзивецот дојде во Њукасл во 2014 година од Нотингем Форест и стана лидер на тимот под раководство на менаџерот Рафа Бенитез. „Јас сум пресреќен. Ова е речиси сè што некогаш сакав, да играм во Премиер Лигата пред неверојатни навивачи“, изјави 24-годишниот Ласелс. Дефанзивецот досега има 112 натпревари за Њукасл со осум постигнати гола.

Read More

Раководството на Ајакс не може да крене глава од заинтересирани агенти на големите клубови кои оваа зима сакаат да земат неколку фудбалери од првиот тим на холандскиот гигант. Токму од таа причина, тимот веќе ги одреди цените на неколку свои првотимци. Последен во редот е Матијас де Лигт, за кого интерес има кај екипата на Барселона, но исто така и кај Јувентус и Манчестер Сити. Младиот 19-годишен дефанзивец моментно е проценет на 60 милиони евра. Од Ајакс истакнаа дека за понуди под оваа сума нема воопшто да разговараат.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Денис Суарез, најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб во зимскиот трансфер прозорец и ќе се пресели во Италија. Од Милан се сериозно заинтересирани за негово доаѓање на „Сан Сиро“ и прават се за да го убедат и фудбалерот на преселба. 24-годишниот фудбалер добива малку шанси за настап на „Камп Ноу“, па сигурно и тој е заинтересиран за промена на средината. Минатото лето за него беше заинтересирана и екипата на Фенербахче, но тогаш Барса не сакаше да го испрати на позајмица.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски ќе мора да паузира од фудбалските терени најмалку еден месец. Дополнителните прегледи во Лисабон покажале дека тој има истегнување на задната ложа, поради која најмалку 4 недлеи ќе мора да мирува. Оваа повреда значи дека Ристовски нема да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за ноемврискиот циклус во Лигата на Нации и средбите со Лихтенштајн и Гибралтар.

Read More
NBA

Голден Стејт синоќа на средбата со Чикаго на гостински терен постави уште еден НБА рекорд. Имено, во првото полувреме кое тимот го доби со предност од 42 поени, кошаркарите на тимот од Калифорнија реализираа неверојатни 17 тројки и тоа од 27 обиди. Претходниот рекорд им припаѓаше на кошаркарите на Кливленд, чии играчи постигнаа 16 тројки во првите две четвртини на натпревари во 2016 година. Голден Стејт е лидер на Западот откако во првите 8 натпревари од редовната сезона има 7 победи и само еден пораз.

Read More

Новиот менаџер на екипата на Дерби Каунти, Френк Лампард, кој како играч во Челзи имаше можност да ја освои титулата во Премиер лигата, изјави дека и оваа година лондонските „синие“ имаат реални шанси да дојдат до титулата. „Навистина мислам дека Челзи може да ја освои Премиер Лигата. Верувам дека тимот е меѓу оние кои имаат реални шанси за титулата оваа сезона. Сите знаеме дека Манчестер Сити е многу силен, како и Ливерпул со Тотенхем, но Челзи не заостанува зад нив. Кога Азар е во форма, како што е сега од почетокот на сезоната, Челзи има фудбалер со неверојатно ниво, кој…

Read More

Реал (М) е на пат во јануари да купи ново младо засилување од Аргентина. Според шпанските медиуми, клубот е во завршна фаза на преговори со аргентинска Ривер Плата за нивниот 20-годишен фудбалер, Егзекиел Паласиос. „Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 20 милиони евра за младиот фудбалер за врска, иако сумата која претходно беше во оптек се движеше околу 15 милиони евра. Инаку Ривер има само 75% од правата кон фудбалерот, што значи дека дел од сумата ќе заврши и во други раце. Реал ќе се обиде да го финализира договорот во јануари, но Паласиос ќе се пресели во Мадрид на…

Read More

Фантастична вечер на Клеј Томпсон во дресот на Голден Стејнт ги одбележа ноќешните средби во НБА лигата. Неверојатниот шутер на „Воините“ реализираше 52 поени на средбата против Чикаго во која неговиот тим на крајот однесе победа од 149:124. Бекот нанижа 14 тројки и го подобри постигнувањето на својот колега од тимот Стеф Кари (13 во 2016 година), кој на овој меч заврши со 23 поени. Лос Анџелес Лејкерс и Леброн Џејмс загубија уште еден натпревар, овој пат на гости во Минесота со 124:120. На средбата меѓу лидерите на Истокот, Милвоки го победи Торонто со 124:109. Индијана – Портланд 93:103 Филаделфија…

Read More

Јувентус ќе се обиде да го купи играчот од средниот ред на Баерн (М), Хамес Родригез, следното лето. Фудбалерот не е задоволен од своката позиција во германскиот шампион и би можел да се одлучи на нов чекор во кариерата, односно заминување во Италија. Старата дама е подготвена за него да изведи сума од 70 милиони евра, која може да биде прифатена од Реал (М), кој е се уште сопственик на правата на Колумбиецот. Спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи, е во близок контакт со агентот на играчот, Хорхе Мендеш, и ова ќе помогне за реализација на трансферот.

Read More

Германскиот фудбалски сојуз започна истрага за инцидентите предизвикани од фановите на Херта за време на натпреварот со Борусија во Дортмунд во саботата. Дисциплинската комисија вчера испрати писма до двата клуба, барајќи ги нивните ставови за проблемите што се случија на стадионот. Навивачите од Берлин се судрија со полицијата на самиот почеток на натпреварот поради транспарент, а како резултат на судирите 45 лица беа повредени со различен степен на повреди. Инцидентот повторно ја започна дебатата за внесувањето на пиротехника на стадионите и однесувањето на публиката.

Read More