Реал (М) е на пат во јануари да купи ново младо засилување од Аргентина. Според шпанските медиуми, клубот е во завршна фаза на преговори со аргентинска Ривер Плата за нивниот 20-годишен фудбалер, Егзекиел Паласиос.
„Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 20 милиони евра за младиот фудбалер за врска, иако сумата која претходно беше во оптек се движеше околу 15 милиони евра. Инаку Ривер има само 75% од правата кон фудбалерот, што значи дека дел од сумата ќе заврши и во други раце.
Реал ќе се обиде да го финализира договорот во јануари, но Паласиос ќе се пресели во Мадрид на лето. Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра девет натпревари во аргентинскиот шампионат за својот клуб и постигна два гола и имаше исто така две асистенции.