Јувентус ќе се обиде да го купи играчот од средниот ред на Баерн (М), Хамес Родригез, следното лето. Фудбалерот не е задоволен од своката позиција во германскиот шампион и би можел да се одлучи на нов чекор во кариерата, односно заминување во Италија.
Старата дама е подготвена за него да изведи сума од 70 милиони евра, која може да биде прифатена од Реал (М), кој е се уште сопственик на правата на Колумбиецот.
Спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи, е во близок контакт со агентот на играчот, Хорхе Мендеш, и ова ќе помогне за реализација на трансферот.