Фудбалерот на Барселона, Денис Суарез, најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб во зимскиот трансфер прозорец и ќе се пресели во Италија. Од Милан се сериозно заинтересирани за негово доаѓање на „Сан Сиро“ и прават се за да го убедат и фудбалерот на преселба.
24-годишниот фудбалер добива малку шанси за настап на „Камп Ноу“, па сигурно и тој е заинтересиран за промена на средината. Минатото лето за него беше заинтересирана и екипата на Фенербахче, но тогаш Барса не сакаше да го испрати на позајмица.