Реал Мадрид синоќа и официјално потврди дека го разрешува од функцијата досегашниот тренер на тимот, Хулиен Лопетеги. Слабиот почеток на сезоата беше причина раководството да се одлучи на ваков чекор. Неговото место привремено ќе го преземе Сантијаго Солари. Аргентинецот може да биде тренер на тимот во период од две недели, а во тоа време треба да биде назначен нов постојан тренер. Лопетеги стана тренер на Реал во текот на летото со скандал откако на ден пред почетокот на Мундијалот 2018, одлучи да ја прифати понудата на „кралскиот клуб“, по што Шпанската федерација го отпушти, а сега истата судбина го следи…
Author: saso
Ракометната репрезентација на Македонија е поразена на гостувањето во Кожани во 2. коло од квалификациите за ЕП 2020 година. Она што не можевме ниту да го сонуваме ни се случи на јаве. Уште една очајна партија која домашните мудро ја искористија и дојдоа до конечни 28-26 за еден од најтешките порази во историјата на нашата ракометна репрезентација. Тоталниот аутсајдер во групата, кој пред само неколку дена загуби на гостувањето на Исланд со 14 голови разлика, успеа да обезбеди историска победа за себе на дуелот против фаворизираната Македонија. Ние со овој пораз остануваме чекор назад зад Исланд кој сега веќе е…
Теса Ворли е победничка на првата трка од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Таа денеска триумфираше на велеслаломската трка во Зелден (Австрија), со која и официјално почна сезоната 2018/19. Французинката победи со време од 2:00.51 минути, оставајќи ја зад себе Италијанката Федерика Брињоне соз аостанување од 35 стотинки, како и третопласираната Микаела Шифрин (САД), која заостана 94 стотинки зад победничката. Утре стартуваат мажите со слаломска трка во Зелден.
Шпанскиот пилот Марк Маркес и по петтипат едноподруго ќе тргне од пол-позицијата на трката за големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“. Тој денеска беше најбрз на официјалниот тренинг и утре ќе тргне од првото место оставајќи ги зад себе двајцата пилоти со Јамаха, Маверик Вињалес и Јоан Зарко. Како четвртти ќе стартува Јаноне и по него и неговиот клупски колега Алекс Ринсес.
Тотенхем планира да продаде некои од своите играчи во јануари, а сигурен кој заминува од тимот е Муса Дембеле. Менаџерот на Спарси, Маурисио Почетино сака да го освежи составот во зимскиот трансфер период, но за да купи нови и квалитетни фудбалери ќе треба да се раздели со некои од оние на кои главно смета како резервисти. Дембеле има договор пред завршување и разбирливо е да биде продаден. Засега на листата на потенцијални имиња кои ќе заминат од Лондон се и Виктор Ванјама и Кевин Нкуду.
Барселона ги одложи преговорите за нов договор со Жорди Алба до лето, и покрај желбата за играчот работата да заврши што поскоро. 29-годишниот фудбалер сака да добие нов долгорочен договор со клубот, но Каталонците го одложуваат новиот договор од економски причини. Тековниот договор на Жорди Алба истекува во јуни 2020 година, со вклучена клаузула за откуп од 150 милиони евра.
Поранешниот селектор на Англија, Свен Горан Ериксон, ќе го предводи националниот тим на Филипини. 70-годишниот Швеѓанец, кој во последно време беше поврзуван со функцијата селектор на Ирак и Камерун, ќе пристигне во Манила следната недела за да почне со работа во тренинг кампот на Филипини пред стартот на регионалниот турнир Сузуки Куп, кој започнува на 8 ноември.
Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го врати Пол Погба во своите редови уште во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед не е расположен да остане во Англија и по нова година, па Јувентус ќе се обиде со понуда за позајмица да го врати во Торино. Погба дојде во Манчестер Јунајтед во 2016 година од Јувентус, каде што помина четири сезони. „Црвените ѓаволи“ тогаш платија рекордни 105 милиони евра за францускиот репрезентативец. Работите за Погба сепак не тргнаа добро, откако влез ево конфликт со менаџерот Мурињо. Голема улога во враќањето на Пол Погба во Јувентус може да има…
Менаџерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, ја потврди лојалноста кон својот клуб, со тоа што изјави дека во Англија во иднина нема да биде тренер наниту еден друг клуб. Гвардиола го запиша своето име во историјата не само на “небесносините”, туку и на Премиер лигата во целина, кога минатата сезона ја освои титулата во Англија со рекордни 100 бода од 114 можни. „Ќе бидам фан на Манчестер Сити до крајот на животот. Затоа не можам да замислам да раководам друг тим во Англија. И особено не би можел да го направат тоа на начинот на кој го направам во Сити.…
Селекторот на сениорската женска репрезентација, Марјан Лазовски, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во натпреварите од квалификациите за Европското првенство. Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година. На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ја нагостиме селекцијата на Шведска додека на 21. ноември ќе го затвориме овој циклус на гости кај хрватската репрезентација. Првиот собир сениорките ќе го одржат на 12. ноември (понеделник) во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“…
