Тотенхем планира да продаде некои од своите играчи во јануари, а сигурен кој заминува од тимот е Муса Дембеле.
Менаџерот на Спарси, Маурисио Почетино сака да го освежи составот во зимскиот трансфер период, но за да купи нови и квалитетни фудбалери ќе треба да се раздели со некои од оние на кои главно смета како резервисти.
Дембеле има договор пред завршување и разбирливо е да биде продаден. Засега на листата на потенцијални имиња кои ќе заминат од Лондон се и Виктор Ванјама и Кевин Нкуду.

