Италијанскиот шампион Јувентус ќе се обиде да го врати Пол Погба во своите редови уште во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед не е расположен да остане во Англија и по нова година, па Јувентус ќе се обиде со понуда за позајмица да го врати во Торино.
Погба дојде во Манчестер Јунајтед во 2016 година од Јувентус, каде што помина четири сезони. „Црвените ѓаволи“ тогаш платија рекордни 105 милиони евра за францускиот репрезентативец.
Работите за Погба сепак не тргнаа добро, откако влез ево конфликт со менаџерот Мурињо. Голема улога во враќањето на Пол Погба во Јувентус може да има Кристијано Роналдо, кој веќе е фудбалер на “Старата дама”.