Швајцарскиот тенисер, Рожер Федерер, ги прекина сите шпекулации околу неговата лоша форма откако обелодени дека подолг период се соочува со повреда на раката која значително влијае на неговата игра. „Ја повредив раката уште пред да започне сезоната на трева. Иако не очекував сериозни последици, токму тоа се случи. Болка чувствувам веќе три месеци, но, тоа не е изговор за постигнатите резултати“ – потенцираше Федерер. „Потребно ми е време за да се вратам во нормала и се надевам дека на последните турнири ќе бидам целосно подготвен“ – вели Швајцарецот кој утре на домашен терен во Базел го очекува мечот со Србинот,…
Author: saso
Тимот на Интер потврди дека фудбалерот, Раџа Наинголан, ќе биде надвор од игра во наредните неколку недели откако заработи повреда на глуждот на вчерашното дерби на Милано. Белгискиот полу-дефанзивец по дуелот со Лукас мораше принудно да го напушти мечот со Милан уште во првиот дел. Тоа значи дека Наинголан ќе ја пропушти средбата од Лигата на Шампионите со Барселона закажана за в среда. Добрата вест во кампот на Интер е дека Иван Перишиќ и Марсело Брозович не се соочуваат со позериозни повреди.
Актуелниот европски клупски фудбалски шампион, Реал Мадрид, ги поминува можеби најтешките моменти во последниве 20 години кога станува збор за Примера Дивизион и Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“, Хулен Лопетеги, изјави дека не е сигурен дали ќе остане во најтрофејниот тим кога станува збор за Лигата на шампионите. „Не можам да ви кажам дека ќе бидам тука за Ел Класико, но, можам да ви кажам дека сум сега тука. Во клубот научив да се борам. Тоа е во ДНК-та на Реал Мадрид а јас тоа го имам во крвта“, рече Лопотеги. Фудбалерите на Реал Мадрид утре во вечерниот термин…
Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, отпатува со тројца натпреварувачи, а се врати со два медали – златен и бронзен, што е огромен успех. Димитар Ѓоргиев стана европски шампион во лоу кик, а Бобан Илиоски го освои бронзнениот медал во К1. По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, организираше прием за кик боксинг тимот предводен од стручните лица, на чело со селекторот Дејан Митровски. „Македонија споредено со Турција со 53 натпреварувачи, Русија со 35, Хрватска со 34, Италија со 34 и останатите држави со исто така повеќе натпреварувачи од нас,…
Во Реал Мадрид ситуацијата полека излегува од контрола, а управата на тимот се обидува да најде соодветно решение и да ја прекине една од најголемите кризи во европскиот шампион во последните неколку децении. Јасно е дека Лопетеги нема уште долго да преживе ена кормилото на тимот, а во раководството се уште се бара вистинскиот потег. Италијанецот Антонио Конте одамна е најавуван како нов тренер на тимот, а според некои извори двете страни веќе имале и разговори. Сепак, дел од шпанскиот печат вели дека Перез има и друг џокер во ракавот, а тоа е некогашниот првотимец на Реал, Хозе Марија Гутиерез…
Барселона оваа зима може да тргне во „лов“ на фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер. Како што објавија дел од медиумите, каталонците се решени да донесат нови имиња во екипата оваа зима, а Даер е едно од оние во нотесот на Валверде. Каталонците ќе испратат барање до Тотенхем да ја утврди цената на фудбалерот во следните денови, а во јануари најверојатно ќе стигне и првата понуда. 24-годишниот фудбалер игра за Тотенхем од 2014 година, откако претходно беше дел и од екипата на Спортинг Лисабон .
Златан Ибрахимовиќ може сензационално да го засили Реал (М) оваа зима. Ова е веста која денеска осамна во дел од англиските интернет изданија. Тимот кој има исклучително големи проблеми со голгетерската форма по заминувањето на Роналдо, може да се одлучи на овој чекор и да го доведе искусниот Швеѓанец во својот тим на одреден период. Се претпоставува дека Реал ќе оди на варијантата да го добие Ибра на позајмица, но не е исклучена опцијата ако искусниот голгетер се вклопи во тимот да доби и понуда за подолг ангажман. Ибра веќе покажа во Јунајтед дека кога е здрав и во форма…
Монако продолжува со серијата очајни резултати оваа сезона. Екипата веќе го смени тренерот, но продолжи со разочарувачкте резултати под водство на новиот тренер Тиери Анри. Во неговото деби на клупата, Монако беше поразен во саботата на гостувањето кај Стразбур со 2:1 и со тоа остана на претпоследното 19. место во Лига 1 со само 6 освоени бода. Монако го има најслабиот старт во првенството од далечната 1953/54 година која освоија само 5 бода во првите 10 натпревари на француското првенство.
Нигерискиот напаѓач од екипата на Ватфорд, Одион Игало изјави дека се уште не се откажал од настапите за селекцијата на Нигерија, и покрај бројните закани, па дури и смртни, кои кон него беа упатени по елиминацијата на „Супер Орлите“ од Мундијалот во Русија. „Навивачите сакаат Нигерија да победува, а од мене како напаѓач да постигнам голови. Ги разбирам. Беше болно, но не доволно за да ме откаже од националниот тим. Тоа е вистинско лудило што некои од нас го преживеаја, но јас не се откажувам од дресот на мојата земја“, изјавил Игало.
Фудбалерот од средниот ред на екипата на Барселона, Малколм е интересен за англиски Тотенхем. Лондончани кои не купија ниту еден нов фудбалер ова лето, во јануари ќе го одврзат ќесето. Според информациите кои кружат, англискиот клуб е подготвен да понуди 50 милиони евра за 21-годишниот бразилски играч во зимскиот трансфер прозорец. Инаку Малком се пресели во Барселона ова лето од Бордо и засега не е задоволен од минутажата која ја има во новиот клуб.
