Тимот на Интер потврди дека фудбалерот, Раџа Наинголан, ќе биде надвор од игра во наредните неколку недели откако заработи повреда на глуждот на вчерашното дерби на Милано.
Белгискиот полу-дефанзивец по дуелот со Лукас мораше принудно да го напушти мечот со Милан уште во првиот дел. Тоа значи дека Наинголан ќе ја пропушти средбата од Лигата на Шампионите со Барселона закажана за в среда.
Добрата вест во кампот на Интер е дека Иван Перишиќ и Марсело Брозович не се соочуваат со позериозни повреди.