Шахистите на Алкалоид го одиграа најдраматичниот меч во шестото коло на годинашното Европско Клупско Првенство. Во дуелот со норвешка Валеренга, нашиот првак на крајот беше поразен со 3,2:2,5 иако имаше реални шанси за победа. На првата табла се сретнаа светскиот првак Магнус Карлсен и олимпискиот шампион Лирен Динг, кој ги брани боите на „Алкалоид“. Се играше Шпанска партија во која Карлсен на крајот среќно дојде до реми за Валеренга. Тоа беше најава за уште низа реми дуели на преостанатите табли, освен на една во која Норвежаните дојдоа до победата. Тоа беше дуелот на третата табла во кој Гранделиус извојува победа…
Author: saso
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година славеше со убедливи 6:1 над селекцијата на Гибралтар во последниот мч од квалификациите за пласман на ЕП 2019. Три гола за нашата селекција постигна Митровски, по еден Руфати, Ѓорѓиев и Здравковски. Избраниците на Добринко Илиевски квалификациите ги завршуваат на 5. место со две победи и едно реми.
По одличниот старт и трите победи во првите три кола, сениорската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Ереван оди по потврда на пласманот во плеј-офот. Момците на Игор Ангеловски и гостуваат на Ерменија, против која во Скопје минатиот месец славевме со 2:0. За разлика од натпреварот со Лихтенштајн, Игор Ангеловски сега на располагање ќе ги има сите фудбалери, па се очекува добар дел од оние кои поради стомачните проблеми останаа на клупата за резерви, денеска да бидат во стартните 11. Три бода од Ереван практично ќе значат и освојување на првата позиција на табелата која не носи во полуфиналето во…
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, изјави дека на полувремето на синоќешниот меч со Англија му доаѓало да ги убие своите репрезентативци. Одбраната на Шпанија беше трагична и освен што противникот постигна 3 гола за првите 45 минути, речиси секој англиски напад носеше опасност за гол. „Ла Фурија“ се врати во сосема поинакво светло во вториот дел и постигна два гола за да го ублажи поразот. „До паузата бевме очајни. Првиот гол ни помогна. Направивме многу индивидуални грешки, а ривалот играше силно. За време на паузата сакав да ги убијам моите фудбалери“, изјавил Енрике.
Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе му биде на располагање на тренерот Клоп за гостувањето кај Хадерсфилд во мечот од 9. коло на Премиер лигата. Салах се повреди за време на победата на Египет против Свазиленд, но како што покажаа лекарските прегледи повредата не е сериозна. Вирџил Ван Дајк и Џејмс Милнер исто така се здрави и ќе бидат во тимот за овој меч.
Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник денес го доби противникот во последната квалификациона фаза. Се работи за екипата на Берн од Швајцарија, која ќе гостува во Битола на 17/18 ноември. Реваншот се игра една недела подоцна. Сите 16 победници ќе обезбедат пласман во групната фаза, која ќе започне на 9 февруари 2019 година. Бранител на титулата од минатата година германската еипа Фуксе Берлин.
Напаѓачот на Челзи Оливие Жиру изјави дека “сините” се најсилниот клуб во Англија во моментов и најави дека може да даде многу за тимот во иднина и сака да остане во тимот до крајот на својата кариера. „За мене Челзи е најсилниот тим во Англија. Играње во тимот во кој сакам. Зошто би сакал да си одам?“, вели Французинот.
Македонската фудбалска репрезентација со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Ерменија во Ереван во четвртото коло на Лигата на Нации. Со три победи од толку одиграни натпревари Македонија е лидер во групата, а во пресрет на последните три меча потребен е само бод за да се потврди првото место и пласманот во полуфиналето на Д Лигата. „Ние се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список на играчи повикани за квалификациските натпревари. За пласман на ЕП 2020 кои ќе ги играме против Турција и Грција. Првиот квалификациски натпревар ќе се одигра на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот. Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28.10.2018 (недела).
Ракометарите на Металург ја очекуваат првата победа во новата сезона од СЕХА Газпром лигата на дуелот в среда против екипата на Железничар. И тренерот Брестовац и играчите, велат дека ова е најголемата шанса на тимот, конечно, да ја прослави првата овосезонска победа во регионалното натпреварување. „Ова е наша добра можност, прво за добар меч, а секако и за прва победа сезонава. Малку сме уморни, имавме напорна недела зад нас со многу патувања. Имаме шанса за надигрување, да понудимее интересен меч и да победиме. Уморот ни е непријател, но тоа не значи дека нема подготвени да го почекам Железничар. Уште од…
