Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе му биде на располагање на тренерот Клоп за гостувањето кај Хадерсфилд во мечот од 9. коло на Премиер лигата.
Салах се повреди за време на победата на Египет против Свазиленд, но како што покажаа лекарските прегледи повредата не е сериозна. Вирџил Ван Дајк и Џејмс Милнер исто така се здрави и ќе бидат во тимот за овој меч.