Ракометарите на Металург ја очекуваат првата победа во новата сезона од СЕХА Газпром лигата на дуелот в среда против екипата на Железничар. И тренерот Брестовац и играчите, велат дека ова е најголемата шанса на тимот, конечно, да ја прослави првата овосезонска победа во регионалното натпреварување.
„Ова е наша добра можност, прво за добар меч, а секако и за прва победа сезонава. Малку сме уморни, имавме напорна недела зад нас со многу патувања. Имаме шанса за надигрување, да понудимее интересен меч и да победиме. Уморот ни е непријател, но тоа не значи дека нема подготвени да го почекам Железничар. Уште од денеска почнуваме со анализа на противникот. Имаме три тренинзи во кои ќе се подготвиме најдобро за да го дочекаме противникот“, изјави на денешната прес-конференција тренерот ан металург, Данило Брестовац.
Дуелот меѓу Металург и Железничар се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во среда од 20.10 часот.

