Author: saso

Денеска македонскиот фудбал прославува голем јубилеј. Пред точно 25 години на 13 октомври 1993 година, за првпат, македонската фудбалска репрезентација одигра официјален пријателски меч. Во Краљ, Словенија, Македонија предводена од Андон Дончевски, го одигра својот прв натпревар во историјата и ја победи Словенија на гости со 4:1. Од тогаш па до денеска, Македонија одигра 222 официјални натпревари.

Read More

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој вчера постигна гол од корнер во победата на Египет над Свазиленд со 4:1, се повреди и засега не се знае колку време ќе отсуствува од фудбалските терени. Како што објавија медиумите, најдобриот реализатор во Премиер лигата за минатата сезона, мораше да го напушти мечот предвреме, поради мускулна повреда. Од националниот тим на Египет соопштија дека се надеваат дека повредата на најдобриот египетски фудбалер не е сериозна, но дополнително ќе следуваат прегледи.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, е добитник на наградата за најдобар гол на месецот во англиската Премиер лига. Според изборот направен од сите погодоци во минатиот месец, оној гол на Стариџ за 1:1 на гостувањето кај Челзи е избран за најдобар. Англискиот напаѓач со неговиот удар надвор од шеснаесетникот на дуелот во Лондон успеа во последните минути од мечот да го израмни резултатот на 1:1 и на тој начин ја продолжи неизвесноста во шампионатот. По 8 кола Ливерпул е на третото место со еднаков број бодови како и Манчестер Сити и Челзи. 89th minute. Outside the box. WHAT. A. STRIKE! 💥🔝🗑@DanielSturridge’s…

Read More

Македонскиот фудбалски менаџер Драган Силјаноски е новото уапсено лице во рамките од еден од најголемите фудбалски скандали во Европа. Македонецот кој работи како менаџер на тренерот на Бриж, Иван Леко и на уште неколку други фудбалери, е уапсен под сомнение во перење пари и соработка со криминална организација. Налози за апсење беа издадени и против уште неколку познати фудбалски менаџери како Дејан Вељковиќ, Моги Бајат и Карим Мејати. Полицијата воедно претресе десетици објекти во Белгија и во странство.

Read More

На еден ден до мечот со Лихтенштајн во Лигата на Нации, четворица фудбалери на нашата фудбалска репрезентација имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од Федерацијата. Ова се неочекувани проблеми за селекторот Ангеловски, кој за денеска најави и прес конференција во пресрет на саботниот дуел. Фудбалерите од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.

Read More

Најголемата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Велс, Герет Бејл може да го пропушти дуелот од Лигата на нациите против селекциката на Р. Ирска. Ова го соопшти селекторот Рајан Гигс по поразот од Шпанија синоќа во пријателски меч со 4:1. „Не е сигурно дека Герет ќе може да игра во вторник. Во следните денови ќе донесеме одлука. Сега има чувство дека треба да играме без него“, потенцирал Гигс.

Read More

И Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов ќе бидат привремено суспендирани. Вака одлучи атлетската комисија при државата Невада во САД. Двајцата се информирани дека во следните 10 дена ќе бидат под суспензија. Расправата за случувањата на нивната борба ќе се одржи на 24 октомври кога претседателите и комесарите на Спортската комисија на Невада ќе гласаат за тоа дали Мекгрегор и Нурмагомедов ќе бидат суспендирани на неопределено време до очекување на резултатите од нивните истраги. На УФЦ 229 настанот минатата сабота во Лас Вегас каде што Нурмагомедов го победи Мекгрегор со „гушење” во четвртата рунда, рускиот борец го прескокна кафезот, по што…

Read More

Борусија Дортмунд ги обезбеди услугите на новиот голгетер на тимот, Пако Алкасер за долго време. Шпанецот се согласи на нов договор со “жолто-црните”, ос што и официјално ќе стане фудбалер на Борусија. Досега, напаѓачот настапуваше како позајмен од екипата на Барселона за една година. Неверојатниот старт во Бундеслигата со 7 гола во 4 натпревари, ги натера челниците на Борусија веднаш да потпишат перманентен договор со шпанскиот репрезентативец. Истиот значи дека германскиот бундеслигаш на Барса треба д аи плати 23 милиони евра за трансферот на Алкасер.

Read More

Дефанзивецот на Монако Андреа Раџи доби казна од пет натпревари поради црвениот картон кој го заработи на натпреварот со Рен во неделата. Тоа е уште еден голем удар за Монако, откако тимот вчера го смени и тренерот Жардим. Тешката казна за Раџи дојде откако беше исклучен поради намерен удар со раката во лицето на противничкиот фудбалер Грение. Дефанзивецот на ПСЖ Кимпембе, кој, пак, беше исклучен на мечот со ПСЖ ќе мора да паузира на следните три меча за својот тим.

Read More

Офанзивниот играч на Барселона, Филипе Кутињо, вели дека серијата од четири натпревари без победа во Ла Лига не е нормална, но во исто време не е загрижувачка. „Не сум загрижен за оваа серија, но од наша гледна точка ние сме меѓу лидерите и почнавме многу добро во Лигата на шампионите. Точно е дека имаме четири натпревари без победа во шампионатот, а ова дефинитивно не е нормално, но тоа е само почеток на една долга сезона. Наскоро работите ќе се променат, вели Бразилецот.

Read More