На еден ден до мечот со Лихтенштајн во Лигата на Нации, четворица фудбалери на нашата фудбалска репрезентација имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од Федерацијата.
Ова се неочекувани проблеми за селекторот Ангеловски, кој за денеска најави и прес конференција во пресрет на саботниот дуел.
Фудбалерите од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.