Дефанзивецот на Монако Андреа Раџи доби казна од пет натпревари поради црвениот картон кој го заработи на натпреварот со Рен во неделата. Тоа е уште еден голем удар за Монако, откако тимот вчера го смени и тренерот Жардим.
Тешката казна за Раџи дојде откако беше исклучен поради намерен удар со раката во лицето на противничкиот фудбалер Грение. Дефанзивецот на ПСЖ Кимпембе, кој, пак, беше исклучен на мечот со ПСЖ ќе мора да паузира на следните три меча за својот тим.