Минесота Тимбервулфс новата сезонаво НБА лигата ќе ја почнат со Џими Батлер. Кошаркарот се врати на тренинзи на тимот и ќе игра на првиот натпревар од регуларната сезона против Сан Антонио Спарс. Во септември, Батлер побара од директорите во Минесота да биде разменет, по што три недели нетренирае со екипата. Кога стана јасно дека Тимбервулфс нема да најдат соодветна опција за размена пред почетокот на регуларната сезона, кошаркарот се врати во тренинг базата на тимот.
Author: saso
И покрај поразот на гостувањето кај Киелце, ракометарите на Вардар се најдоа во изборот на ЕХФ меѓу најдобрите голови и одбрани во колото. Во традиционалниот избор по секое завршено коло во групната фаза на ЛШ, ЕХФ тв го избраТимур Дибиров, со еден од своите погодоци на дуелот во Полска во петте најубави во ова коло, додека голманот на Вардар, Дејан Милосављев, на овој меч забележа девет одбрани (1 седмерец), а една од тие интервенции се најде и во Топ 5 одбрани на колото. НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ГОЛОВИ НА КОЛОТО (ВИДЕО) НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ОДБРАНИ НА КОЛОТО (ВИДЕО)
Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, треба да ја изгуби позицијата на прв голман во националниот тим. „Во моментов Нојер не поседува форма и не зрачи со сигурност на голот. Тој не е во формата во која освои награди за најдобар голман во светот четири последователни години. Негов наследник треба да биде голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген, кој игра на светско ниво веќе неколку години. Тој треба да биде ставен како стартер, веднаш“, препорача Матеус.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, составил листа на играчи кои би требало да го засилат тимот во зимскиот преоден рок. Информациите од Англија велат дека на тој список на желби на Португалецот се наоѓаат четири имиња: дефанзивецот Никола Миленковиќ (Фиорентина), играчите од средниот ред Иван Перишиќ (Интер) и Сергеј Милинкович-Савиќ (Лацио), како и напаѓачот Анте Ребиќ (Ајнтрахт). Проблемот за Мурињо најверојатно ќе биде неподготвеноста на раководството на Манчестер Јунајтед да потроши толку многу пари за засилувања во зимскиот преоден рок. Претходно беше објавено дека за трансферот на Миленковиќ, Мурињо е подготвен да и плати и 60 милиони евра на…
Англискиот селектор, Герет Саутгејт, пред натпреварот со Шпанија во Лигата на нации вечерва, се пожали на стартот на новата сезона во Премиер лигата. „Мислам дека играчите немаат свежина во однос на психологијата, а не на физичката подготовка. Не разбирам зошто почнаа да тонат толку рано. Клубовите се во навистина тешка ситуација, но нешто мора да се направи со тој календар. Многу тимови ја започнаа сезоната, немаа време да стигнат до врвот на формата, па оттука и епидемијата на повреди. На пример, Тотенхем, колку само нивни играчи беа на СП“, истакнал Саутгејт. Во двата натпревари од Лигата на нациите, Англичаните освоија…
Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ризикува да ја напушти селекторската позиција многу скоро, објавија денеска германските медиуми. Германскиот фудбалски сојуз не е задоволен од резултатите, но нема план како да го разреши Лев, дури и ако тој биде поразен од селекцијата на Франција во следната рунда од натпреварите во УЕФА Лигата на нации. Средбата ќе се одигра утре, а во Германската фудбалска унија велат дека засега немаат решение за евентуалното заминување на Лев од кормилото. Последните прогнози велат дека Германија ќе мора да го задржи селекторот до март, кога најверојатно ќе следува промената на селекторската позиција.
Македонскиот шаховски шампион Алкалоид ја продолжи победничката серија на Европскиот шаховски куп. Во меч од 3. коло, шахистите на Алкалоид беа подобри од германски Вердер од Бремен со резултат 5:1. Посебно за одбележување е брзата победа на Јаковенко против реномираниот Григоријан, која воедно им даде поттик на останатите шахисти на „Алкалоид“. Со оваа висока победа, Алкалоид веќе го отвори патот кон шампионската титула и повторно враќање на пехарот во Македонија. Меѓутоа, според резултатите на останатите екипи, сепак како фаворити за шампионската титула остануваат „Одлар Јурду“ и „АВЕ Нови Бор“. Во четвртото коло Алкалоид се среќава со Медниј Всадник од Санкт…
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20.45 ч.) против Лихтенштајн ќе го одигра и третиот меч од групната фаза во Лигата на Нации. По двете стартни победи на Гибралтар и Ерменија, избраниците на Игор Ангеловски ја посакуваат и третата победа. По проблемите со стомачниот вирус, информаците од нашиот табор велат дека работата се смирува, а Ангеловски на располагање ќе ги има сите сили. Вчера дури петмина фудбалери поради стомачен вирус го пропуштија тренингот пред дуелот. Станува збор за Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Кристијан Тошевски, Мите Цикарски и Стефан Ристовски, чија состојба се следеше 24 часа од нашиот лекарски тим. На…
Ракометарите на Тинекс Пролет денеска ќе го одиграат првиот меч од второто квалификациско коло во ЕХФ купот на гости кај чешка Карвина. Македонскиот суперлигаш с енадева дека против Карвина ќе успее да се избори за пласман во следната фаза од натпреварувањето, но сепак, за тоа ќе биде потребно денеска да се одигра квалитетно и да се обезбеди добар резултат. Фактот дека и двата меча ќе се одиграат на гости не им остава многу отворени шанси на нашите преставници, но тие сепак се надеваат дека ќе можат да го изненадат противникот.
Ракометарите на металург попладнево (15 ч.) ќе го одиграат петтиот меч од новата сезона во ракометната Лига на шампиони. „Металурзите“ гостуваат кај екипата на Чеховски Медведи во Русија и се надеваат дека, конечно, ќе можарт да направат изненадување. Тимот од Автокоманда на овој меч ќе биде без стратегот Данило Брестовац кој заработи суспензија од еден натпревар поради црвениот картон добиен на средбата со Силкеборг во минатото коло. Металург, минатата сезона единствената победа на гостински терен во групната фаза ја имаше токму кај Чеховски Медведи.
