Минесота Тимбервулфс новата сезонаво НБА лигата ќе ја почнат со Џими Батлер. Кошаркарот се врати на тренинзи на тимот и ќе игра на првиот натпревар од регуларната сезона против Сан Антонио Спарс.
Во септември, Батлер побара од директорите во Минесота да биде разменет, по што три недели нетренирае со екипата. Кога стана јасно дека Тимбервулфс нема да најдат соодветна опција за размена пред почетокот на регуларната сезона, кошаркарот се врати во тренинг базата на тимот.