Директорите на Саутемптон се подготвени да го разрешат менаџерот Марк Хјуз и да го назначат поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим. Под водство на Хјуз, “светците” беа спасени од испаѓање кон крајот на минатата сезона, но новата сезона не почна блескаво. Во осум натпревари досега Саутемптон освои само 5 бода (една победа, две нерешени и пет порази), за пласман на 16 место на табелата. Со нов пораз денеска кај Бурнемут, Хјуз речиси сигурно ќе ја изгуби својата работа.
Author: saso
Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев е нов европски шампион во лоу-Кик, откако денеска на ЕП во Братислава славеше во финалниот меч над Русинот Рамазан Баксанов. Ѓоргиев уште еднаш ја демонстрираше својата беспрекорна форма и доминација во категоријата во која настапи и ги потврди своите извонредни резултати. Тој вчера во полуфиналето беше извонреден и го совлада Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0 и да се најде во завршната борба во категоријата до 86 килограми, каде ја потврди својата класа.
Само ден по мечот со Железничар и новиот пораз во СЕХА лигата, екипата на Металург се подготвува за новиот дуел од 7. коло со екипата на Татран Прешов. „Настапите во СЕХА и ЛШ веќе си земаат данок. Влеговме во лош ритам, но сега имаме три тренинзи да се подготвиме, за во што подобро светло да се покажеме в сабота. Мора да го подобриме нивото на играта, затоа што пред нас има поквалитетен ривал од Железничар. На овој меч мора да покажеме дека сме за нијанса подобри од последниот меч кој го игравме со нив“, изјави Брестовац. Дуелот се игра в…
Македонскиот кик-боксер Димитар Ѓоргиев обезбеди најмалку бронзен медал на европското првенство за сениори во Братислава, Словачка. Во четврфиналето, Ѓоргиев славеше со 3-0 против турскиот натпреварувач Унал Озлеме и обезбеди полуфинале во категоријата до 86 килограми во дисциплината Лоу-Кик против Србинот Милош Цвјетичанин. Денеска се очекува и настапот во четвртфиналето на Бобан Илиоски во К1 (до 81 килограм) против Хрватот Гај Гошиќ.
Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, не сака да потпише нов договор со тимот и закажал средба со раководството на клубот по ова прашање, велат од Франција. Уругваецот смета дека за него нема иднина во Париз, бидејќи тимот ги има Килиан МБапе и Нејмар, кои се фаворизирани во првиот тим. Актуелниот договор на Кавани со ПСЖ е до летото 2020 година и веројатно во јануари или најдоцна на крајот на сезоната тој ќе сака да си замине. Кавани е во Франција од 2013 година и во последниве години се етаблира како еден од најважните играчи на парискиот клуб.
Синоќа и официјално тргна новата сезона во НБА лигата. Уште на стартот дузина интересни дуели, но во фокусот остана дебито на младиот Словенец, Лука Дончиќ кој го обече дресот на екипата на Далас, која на премерата загуби од екипата на Феникс со 121-100 на гостински терен. Дончиќ одигра 32 минути за својата нова екипа, реализирајќи 10 поени. Кошаркарите на Сан Антонио и на Торонто забележаа победи во првите натпревари од сезоната. А во центарот на вниманието беа играчите кои летоска беа трампани во овие две франшизи, Демар Дерозен и Каваи Ленард. Милвоки – Шарлот 113:112 Бруклин – Детроит 100:103 Мемфис…
Играчот од средниот ред на Фламенго, Лукас Пакета, ќе биде најверојатното ново засилување за екипата на Милан. Фудбалерот може да се пресели на „Сан Сиро“ уште во јануари, по завршницата на бразилскиот фудблски шампионат. За 21-годишниот плејмејкер, „росонерите“ ќе платат близу до неговата клаузула за откуп од 35 милиони евра. Пакета, кој во Бразил го споредуваат со некогашниот првотимец на Милан, Кака, има 58 натпревари за Фламенго, а минатиот месец беше повикан и во репрезентацијата на Бразил.
Англискиот шампион Манчестер Сити ќе биде сериозно вклучен во борбата за ангажман на големиот талент Франки де Јонг од холандски Ајакс. Според “Мундо Депортиво” менаџерот на “граѓаните” Хосеп Гвардиола е подготвен да издвои 70 милиони евра за 21-годишниот плејмејкер, кој импресионира со настапите и во дресот на холандскиот национален тим во победата со 3:0 над Германија во Лигата на нациите. Ако дојде до договор, Холанѓанецот ќе биде второто најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити, откако Белгиецот Кевин де Бруине беше доведен за 76 милиони евра од Волфсбург во 2015 година.
Италијанскиот шампион Јувентус подготвува понуда за дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба, објави весникот “Тутоспорт”. Алба е само една од трите големи трансфер мети на “Старата Дама”, како што се офанзивниот играч за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и крилото на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ. Заедничко за тројцата е тоа што нивните договори истекуваат на 30 јуни 2020 година. Значи, Јувентус веројатно ќе го направи троен напад за релативно мала сума следното лето да добие дел од овие одлучни фудбалери.
Манчестер Јунајтед најверојатно ќе го пушти на позајмица до крајот на сезоната дефанзивниот играч за врска Скот МакТоминај и тоа во шкотски Селтик. „Детелинките“ уште од пред почетокот на сезоната се надеваа дека ќе го добијат 22-годишниот играч во своите редови, но тогаш Мурињо не даде дозвола за негово заминување. Тој се смета за еден од најталентираните шкотски репрезентативци во моментов и стручњаците му прогнозираат светла иднина.
