Италијанскиот шампион Јувентус подготвува понуда за дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба, објави весникот “Тутоспорт”.
Алба е само една од трите големи трансфер мети на “Старата Дама”, како што се офанзивниот играч за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и крилото на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ.
Заедничко за тројцата е тоа што нивните договори истекуваат на 30 јуни 2020 година. Значи, Јувентус веројатно ќе го направи троен напад за релативно мала сума следното лето да добие дел од овие одлучни фудбалери.