Играчот од средниот ред на Фламенго, Лукас Пакета, ќе биде најверојатното ново засилување за екипата на Милан. Фудбалерот може да се пресели на „Сан Сиро“ уште во јануари, по завршницата на бразилскиот фудблски шампионат.
За 21-годишниот плејмејкер, „росонерите“ ќе платат близу до неговата клаузула за откуп од 35 милиони евра. Пакета, кој во Бразил го споредуваат со некогашниот првотимец на Милан, Кака, има 58 натпревари за Фламенго, а минатиот месец беше повикан и во репрезентацијата на Бразил.