Англискиот шампион Манчестер Сити ќе биде сериозно вклучен во борбата за ангажман на големиот талент Франки де Јонг од холандски Ајакс.
Според “Мундо Депортиво” менаџерот на “граѓаните” Хосеп Гвардиола е подготвен да издвои 70 милиони евра за 21-годишниот плејмејкер, кој импресионира со настапите и во дресот на холандскиот национален тим во победата со 3:0 над Германија во Лигата на нациите.
Ако дојде до договор, Холанѓанецот ќе биде второто најскапо засилување во историјата на Манчестер Сити, откако Белгиецот Кевин де Бруине беше доведен за 76 милиони евра од Волфсбург во 2015 година.