Директорите на Саутемптон се подготвени да го разрешат менаџерот Марк Хјуз и да го назначат поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим. Под водство на Хјуз, “светците” беа спасени од испаѓање кон крајот на минатата сезона, но новата сезона не почна блескаво.
Во осум натпревари досега Саутемптон освои само 5 бода (една победа, две нерешени и пет порази), за пласман на 16 место на табелата.
Со нов пораз денеска кај Бурнемут, Хјуз речиси сигурно ќе ја изгуби својата работа.