Author: saso

Раководството на Реал Мадрид го обнови интересот за менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, откако стана јасно дека наводните преговори со Антонио Конте се запрени. Аргентинецот беше во плановите на клупските шефови на “кралевите” уште во текот на летото, но тогаш не успеаја да го донесат на “Сантијаго Бернабеу”. Сега ситуацијата е мамлку поинаква, бидејќи и Почетино е на „тенок мраз“ во Лондон по сите неуспеси, особено во Лигата на шампионите. Реал сигурно ќе го менува Лопетеги, но засега такво решение нема бидејќи клубот нема договорено негов заменик.

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, наскоро ќе добие предлог за нов договор со клубот по подобрени финансиски услови. „Црвените“ саката д аго наградат 21-годишниот англиски репрезентативец за очигледниот напредок во неговата игра оваа сезона. Желба на менаџментот е тој да с еобврзе на верност до летото 2022 година. Оваа сезона Александар-Арнолд е стартер во позицијата десен бек, додека Голез ја доби задачата да му биде партнер на Ван Дајк на централните дефанзивни позиции.

Read More
NBA

Раководството на Хјустон Рокетс се обидува да го добие кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер. Клубот на Тексас му понуди на составот од Минеаполис размена во која за батлер, Минесота ќе го добие правото за избор на четвртиот пик во првиот круг од следниот драфт. Засега нема информација од Минесота дали оваа понуда е прифатлива, отакако се знае дека батлер сам инсистираше да биде разменет, па еден дел од предсезоната ја помина само со индивидуални тренинзи. Сопственикот на Минесота, Глен Тејлор изјави дека ќе продолжи да бара опции за размена на Батлер, па останува да се види неговиот одговор на…

Read More

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис изјави дека вратите на „Сан Паоло“ се отворени за поранешниот голгетер на тимот, Едисон Кавани. Уругвајскиот напаѓач најави дека сака да си замине од ПСЖ, а Наполи е еден од кандидатите за неговиот потпис. „Кавани е многу добар играч. Тој постигна над 30 гола за Наполи. Изборот сега зависи од него, затоа никој не може да го задржам против негова волја во ПСЖ. Јас сепак не сум катарски шеик. Ако навистина сака да замине од таму и да дојде кај нас, ние сме подготвени да разговараме, но јасно е дека не можеме да му…

Read More

По вчерашниот триумф над селекцијата на Турција, во нашиот ракометен тим задоволство имаше само од резултатот. Ракометарите и селекторот беа согласни по мечот дека одиграа под очекувањата и ваквиот пристап мора да се смени веќе на неделното гостување во Грција. Капитенот Лазаров пред новинарите истакна дека најважна е победата, но опуштената игра не е нешто што треба да биде составен дел од оваа селекција, која се подготвува за настап на светското првенство во јануари. „Најважна е победата и двата бода, но мислам дека ова е еден од нашите најслаби натпревари во последните 10 години, тоа со сигурност ви го тврдам.…

Read More

Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, вели дека  младите треба да истапат и да понесат поголема одговорност во циклусот квалификации за пласман на континенталниот собир. Во наредниот период прво ќе играме дома со Турција а потоа ќе гостуваме кај Грција. „Фаворити сме за пласман на Европското првенство, но, мора во натпреварите да влеземе со голема почит за противниците ако сакаме да ги освоиме сите четири бодови. Младите играчи треба да преземат поголема одговорност за да можат да имаат и поголема улога на Светското првенство во Германија“ -нагласи Кире Лазаров. Средбата против Турција ќе ја одиграме в четврток во салата…

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Раул Гонзалез, денеска го имаше првиот тренинг в пресрет на мечевите со Турција и Грција во рамките на квалификациите за Европското првенство. Искусниот стратег вели Македонија треба да ја оправда фаворитската улога и на теренот и дека не смее да ги потцени противниците. „Сега ќе работиме со повеќе ракометари, го нема Миркуловски, но, другите се тука. Очекувам добро да работиме и да одиграме како и на претходните средби“ – вели Раул. „Турција и Грција не влегуваат во така наречените големите репрезентации и затоа сите очекуваат наши лесни победи. Јас не мислам така, очекувам тоа да…

Read More

Фудбалерите на Јувентус утре ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед во дербито на 3 коло во Лигата на шампионите. Италијанците денеска заминаа за Англија а во нивната експедицијата очекувано ги немаше: Марио Манџукиќ, Сами Кедира и Емре Чан. Затоа пак, екипата на „старата дама“ ја предводеше Кристијано Роналдо кој утре ќе се појави на неговиот некогашен стадион – „Олд Трафорд“ на кој помина 6 сезони. Јувентус денеска ја објави листата на играчи кои треба да настапат на мечот во Манчестер. На неа се: Шчесни, Де Шиљо, Кјелини, Бенатиа, Пјаниќ, Роналдо, Дибала, Даглас Коста, Алекс Сандро, Матуиди, Барѕаљи, Квадрадо, Кин, Бонучи,…

Read More

Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо, кој поминува кризен период со Манчестер Јунајтед, вели дека не размислува да си замине од англсикиот состав. Тој на денешната прес-конференцијата пред мечот со Јуве во Лигата на шампионите беше прашан дали размислува да се  врати во Реал Мадрид кој е влезен во резултатска криза. „Мојата иднина е тука-имам договор со Јунајтед и до крајот ќе размислувам само за Јунајтед. Би сакал да останам и откако ќе ми истече договорот“ – рече Специјалниот кој има тековна соработка со „црвените ѓаволи’ до 2020 година со посебна клаузула дека истата може да му биде продолжена за уште…

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Арсенал, Лоран Косчиелни, по подолг период закрепна од повредата на тетивата и од денеска се вклучи во тренинг процес. Тој се повреди потешко во месец мај и мораше да го пропушти Мундијалот во Русија кога неговата селекција, Франција,  стана светски шампион. Според официјалната веб-страница на „топчиите“, Французинот, за првпат по повредата, бил присутен на целата тренинг-сесија на тимот. Според наведеното, Косчилни ја нема потребната форма да се врати на теренот, но, тоа  треба да се случи во догледна иднина.

Read More