Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо, кој поминува кризен период со Манчестер Јунајтед, вели дека не размислува да си замине од англсикиот состав.
Тој на денешната прес-конференцијата пред мечот со Јуве во Лигата на шампионите беше прашан дали размислува да се врати во Реал Мадрид кој е влезен во резултатска криза.
„Мојата иднина е тука-имам договор со Јунајтед и до крајот ќе размислувам само за Јунајтед. Би сакал да останам и откако ќе ми истече договорот“ – рече Специјалниот кој има тековна соработка со „црвените ѓаволи’ до 2020 година со посебна клаузула дека истата може да му биде продолжена за уште една сезона.