Раководството на Реал Мадрид го обнови интересот за менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, откако стана јасно дека наводните преговори со Антонио Конте се запрени. Аргентинецот беше во плановите на клупските шефови на “кралевите” уште во текот на летото, но тогаш не успеаја да го донесат на “Сантијаго Бернабеу”.
Сега ситуацијата е мамлку поинаква, бидејќи и Почетино е на „тенок мраз“ во Лондон по сите неуспеси, особено во Лигата на шампионите. Реал сигурно ќе го менува Лопетеги, но засега такво решение нема бидејќи клубот нема договорено негов заменик.
