Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, не сака да потпише нов договор со тимот и закажал средба со раководството на клубот по ова прашање, велат од Франција.
Уругваецот смета дека за него нема иднина во Париз, бидејќи тимот ги има Килиан МБапе и Нејмар, кои се фаворизирани во првиот тим. Актуелниот договор на Кавани со ПСЖ е до летото 2020 година и веројатно во јануари или најдоцна на крајот на сезоната тој ќе сака да си замине.
Кавани е во Франција од 2013 година и во последниве години се етаблира како еден од најважните играчи на парискиот клуб.